Пичинини почнува да игра фудбал во обид да го наследи татко му кој градел кариера по Втората светска војна, ама сфаќа дека не го бива и на 17 години го напушта Лацио и следната година се запишува на факултет по новинарство.
Ете го сега на 59 години растура и е коментатор број 1 во Италија. Компилацијата е ептен профи со голови на Интер, Милан, Лацио, Рома, Јуве, Фиорентина, Барса, Манчестер Сити...
Ја има трилер завршницата во финалето од ЛШ со Манчестер Јунајтед против Баерн, го има Батистута, голот на Клосе против Рома во 93-та, пеналот на Роналдо за трофеј во ЛШ и многу други.
Ние го имаме/имавме Каљо легендата, Италија го има Сандро.