Откако на 10 јуни минатата година заврши финалниот натпревар меѓу Франција и Португалија на ЕП 2016, Тони Стојановски на крајот од преносот му честиташе пензија на неговиот постар колега Златко Калински. Сепак неговата трка продолжи уште скоро цела година и заврши на синоќешното полуфинале од ЛШ.
Никој не е рамнодушен што Калински повеќе нема да го слушаме во етерот и во секој коментар за него на социјалните мрежи стои зборот „ЛЕГЕНДА“.
Известуваше и коментираше во живо од четири Мундијали и девет Олимписки игри, а зад себе во кариерата има преку 2.100 преноси од повеќе спортови како одбојка, ракомет, кошарка, фудбал, атлетика, алпско скијање, скијачко трчање...
Нема разлика кога го слушате од трка со Болт или на Скопски маратон. Инспирацијата сигурно не му е иста кога седи во новинарската ложа на Маракана и во репортажно возило во Скопје, но гласот и емоциите кога коментира се тие истите, на Златко Калински, еден и единствен.
„Дождот ќе ги сокрие солзите на навивачите на Атлетико Мадрид, а славјето на навивачите на Реал ќе го направи уште поспектакуларно“, рече во неговиот последен пренос.
Фејсбук страната Поезијата на Златко Калински ги собра неговите последни фрази од кариерата. Ова е синоќешниот пренос меѓу Атлетико и Реал:
Од Јувентус - Монако
Дел од вчерашните коментари на Фејсбук и Твитер:
„Максимално заслужена пензија, Олимпискиот Комитет треба да ти додели признание за твоите заслуги во коментирање на Олимписките игри“.
„Со манир на расен стрелец“ – ова нема да го заборавам.
„Сметам дека Златко не го кажал последниот збор. Ако имаат од МРТ и малку сенс, хонорарно би го ангажирале или би можел да ја продолжи кариерата по примерот на неговиот колега од ХРТ Божо Сушеч во приватен медиум“.
„Стоечки ќе јадам 8 ражничи, во знак на велепочит“.
„Финалето без Калински не е ФИНАЛЕ“.
Петиција за да го коментира финалето во Кардиф на 3 јуни.