Пред неколку сезони, холандскиот Твенте играше во ЛШ, беше непокорен конкурент на Ајакс и ПСВ во првенството, лесно ги победуваше противниците во Европа. Сега клубот од Енсхеде е претпоследен и му се заканува банкрот и згаснување.
Во историјата на фудбалот има фудбалери кои освоија многу трофеи, а повредите ги спречија да направат уште повеќе. Таков беше Холанѓанецот Марк Овермарс кој играше во Ајакс, Арсенал и Барселона.
ПСВ Ајндховен со 1-3 го совлада Твенте во дербито од холандското првенство, но малку фалеше резултатот да биде поинаков по вина на голманот Жерон Зоет.
Играчите на амстердамскиот клуб на оригинален начин го одбележаа светскиот Ден на мајката и пред почетокот на дуелот со Ден Хаг излегоа на терен со своите мајки. Копјаниците го добија првенствениот дуел 3:0.
Во неделата Феенорд ја совлада НАЦ Бреда 3:0, а уште во првите 10 минути судијата на два пати проверуваше дали топката ја минала гол линијата. Вториот пат му завибрира саатот по што го призна голот на Имерс за 1:0.
Во дерби натпреварот од 16. коло во холандската лига, ПСВ Ајндховен го победи Феенорд 4:3, а дуелот за малку ќе беше трагичен откако навивачите на ПСВ ја урнаа оградата за прослава на третиот гол на нивниот тим. За среќа никој не е повреден.