Се сеќавате ли на Марк Овермарс?

Во историјата на фудбалот има фудбалери кои освоија многу трофеи, а повредите ги спречија да направат уште повеќе. Таков беше Холанѓанецот Марк Овермарс кој играше во Ајакс, Арсенал и Барселона.

Јуниорот Марк Овермарс влегол во основата на Ајакс по некој заобиколен пат. На возраст од 19 години дебитираше за првиот тим, иако претходно по една сезона одигра како позајмен играч во Го Ахед Иглс и Вилјем II.
 
За пет сезони во Амстердам, Марк Овермарс три пати стана првак на Холандија со Ајакс, а по еднаш ги освои и Лигата на шампионите, УЕФА Супер Купот и Интерконтиненталниот Куп.
 

Со таков учинок, крилото еднакво обдарено со брзина и техника стана цел на многу странски клубови. Во 1997-ма стана играч на Арсенал, екипа во која постигна 10 голови и во првата сезона стана шампион на Англија.

Во 2000. година, Холанѓанецот реши да го одбие силниот Лацио и се пресели во Барселона за сума од 40 милиони евра. Во Каталонија, Марк имаше релативен успех само во првата полусезона, а понатаму го спречуваа повредите. Извесно време навивачите на Барселона забораваа дека во составот имаат играч по име Марк Овермарс. Пример за тоа е фактот што за 4 години во Шпанија, Овермарс не освои ниту еден трофеј.

По завршувањето на сезоната 2003/2004, Барселона го раскина договорот со Холанѓанецот, а во летото 2004-та Овермарс играше на ЕП во Португалија. Тука се заврши кариерата на фудбалерот кој се предаде поради хроничните болки во коленото. Крај стави на 31 година.

Во 2008-ма, 35 годишниот Овермарс неочекувано му се врати на фудбалот и одигра цела сезона за Го Ахед Иглс во втората холандска лига. Доби понуди од Холандија и Германија, но ги одби сите поради болки во коленото.

Во 2012-та, фантастичното крило стана технички директор на Ајакс, а веќе во мај следната 2013-та се ожени за девојката по име Шантал која му роди два сина, Френки и Ник, и двајцата тренираат фудбал. Покрај работата со фудбалот, Овермарс активно е вклучен во работата на ланец ресторани, вложува пари во изградба на деловни и станбени објекти, а им помагал и на неговиот татко и брат во реставрацијата на стари автомобили.