Таг: виљем втори

Грчкиот Марадона од Виљем втори

Вангелис Павлидис има 22 години, игра за Виљем втори од Холандија, како и за селекцијата на Грција. Со вакви соло лудории, тешко дека ќе успеат да го задржат во Виљем втори. Арно не почна и тие од клупа да ги дрибла.

Навивачка култура на денот

Виљем втори го елиминираше Аз Алкмар во полуфиналето на холандскиот Куп. Навивачите збеснаа од радост и се симнаа на трева, ама кога гостите требаше да го напуштат теренот им се тргнаа од пат за да им отстапат место да поминат. И не само тоа, туку ги испратија со аплауз. Колку убав гест кој ретко се гледа.

Прв црвен картон во Холандија по видео сугестија

Ајакс синоќа во холандскиот Куп со 5:0 го победи Вилјем Втори, но главен момент на мечот беше црвениот картон кој го доби гостинскиот играч Ануар Кали и тоа после асистенција на видео технологијата.

Се сеќавате ли на Марк Овермарс?

Во историјата на фудбалот има фудбалери кои освоија многу трофеи, а повредите ги спречија да направат уште повеќе. Таков беше Холанѓанецот Марк Овермарс кој играше во Ајакс, Арсенал и Барселона.