ПСВ игра бледа сезона. Ајакс им бега 11 бода со натпревар помалку, а славниот клуб од Ајндховен се наоѓа на слабото 5-то место на табелата.
Но ситуацијата им се подобри викендов кога ПСВ ја прослави првата победа во 2020-та година. На гости им дојде најпријатното изненадување во Ередивизија, Вилем II и ПСВ победи со 3:0.
До 90-та минута резултатот беше 2:0 - головите ги постигнаа Дензел Дамфрис и Рајан Томас. ПСВ, револтиран од лошите резултати, реши да гази во пресинг до самиот крај.
Како резултат на тоа, после еден аут на Вилјем II пред сопствениот гол, домашните фудбалери го притиснаа Мајк Трезор Ндeјашимије. Му се навртеа тројца противнички играчи и Мајк Трезор напамет реши да ја врати топката кон својот гол. Ама во тој момент голманот Тимон Веленројтер беше излезен од гол за да го прими аутот:
He must have seen a ghost in net 🤣 👻 pic.twitter.com/ZbvBErFZCN
— ESPN FC (@ESPNFC) February 9, 2020
Мајк Трезор Ндајешимије има 20 години и игра во среден ред. Фудбалски се образувал во Андерлехт од каде преоѓа во холандски Најмеген. Сезонава настапува како позајмен играч во Вилјем.
Тој важи за еден од најдобрите фудбалери на клубот кој сезонава игра супер и во моментов е 4-та на табелата. Трезор има 4 гола (трет најдобар стрелец во екипата) и 3 асистенции (исто трет најдобар резултат).
Трезор се прочу кога против Ајакс во декември на гости го постигна победничкиот гол за 2:0 среде Амстердам. Летово Вилјем ќе го откупи договорот на Трезор за 500.000 евра.
И покрај комичниот гол, детето од белгискиот град Ламбик во догледно време би можеле да го гледаме во многу поголем клуб зошто важи за голем талент.