Порто го совлада Малме во Лига Европа со 2:1. Конечниот резултат беше решен во 95-та минута, откако домаќините си постигнаа автогол. Ама на прва овде не се сфаќа баш, кој пие, кој плаќа. Куса, динамична и хаотична ситуација.
Да се направи топ листа на автоголови од најдалеку и веднаш да се прескокне првата позиција. Резервирана е за Алекс Стојаковиќ од Локомотива Загреб. Погледнете што направи царот на мечот против Горица.
Имавме викенд на чудесии од голови. Се разбира никој може да му го земе приматот на Дмитриј Воробјов од Локомотив. Но затоа, Пиус Дорн од Луцерн е врвот во друга категорија, а тоа се автоголовите. Мајсториште.
Најголемиот кикс во првото коло од Лига на шампиони оди на душа на Луиз Жуниор. 24 годишниот голман на Виљареал направи необјаснива глупост уште во 4 минута и му подари 3 бода на Тотенхем, кој победи токму со овој автогол.
Колку треба да си цар за да си ја забиеш во сопствен гол со глава од 20 метри? Се работи за мечот Америка де Кали - Флуминенсе во рамките на Судамерикана.
Јанг Бојс го совлада Базел со 3:2, меч на кој гостите си постигнаа два автогола. Едниот е дело на Мохамед Драгер, кој од желба да ја расчисти во аут, душмански си ја заби во гол.
Паралелно со репрезентативниот фудбал, има и по малку клупски. Во шпанската втора лига мечот меѓу Албасете и Еибар заврши 0:1. Го реши голманот на домаќините кој беше свесен дека изреагира како најдебелиот у секое маало кој обично брани.
Шкендија и Работнички одиграа 1:1 во 2. коло од новата сезона. Тетовчани поведоа благодарение на една ретко видена ситуација пред гол. Топката удри во едната статива, па во голманот и на крај во другата статива. И немаше да влезе, но Дин Аломеровиќ ја промаши со едната нога и ја бутна несакајќи со другата. Циркузи.
Налетавме на чудно парче видео од четвртфинален натпревар во Унгарскиот Куп, одигран во 2008-ма. Павел Џурика од Фехервар се обиде нешто да направи, ама и самиот изгледа не знаеше што сака да направи. Му се чудеа сите.
Глазгов Ренџерс имаше одличен резултат од 1:2 на гоствуањето против Бенфика во ЛШ, ама сè до 68 минута кога се испостави дека дефанзивецот Конор Голдсон не е повеќе од нивна. Погледнете го царот колку само профи го изведе ова.
Арсенал стана првата екипа во историјата на англискиот фудбал со три гостински победи од по минимум 5 постигнати гола. Синиќа го потопија Шефилд со 0:6, а веќе во 39 минута на семафорот стоеше 0:5. Сите 6 гола ги постигнаа различни стрелци, а меѓу нив има и еден на Шефилд кој им ја сокри топката на топџиите.
Норвежанецот Јакоб Глеснес кој игра во МЛС за Филаделфија Унион си ја закопа од пола терен, како никој друг од толку далеку. Кутар голман не смееше со раце да ја фати.
Во бразилскиот шампионат Атлетико Паранаенсе го совлада ПСТЦ со 4:0. Во 40 минута при резултат 0:0, голманот на домашниот тим фати пенал, ама не знаеше дека има соиграч од сомнителен калибар кој ќе конкурира за автогол на годината.
Читател ни пиша вака: Затварајте рубриката „автогол на милениумот“. Не можеме да кажеме дека не му е на место предлогов. Второлигашите Сент Паули и Хамбург одиграа 2:2, а несреќниот на векот или милениумот, како сакате, е гостинскиот голман Даниел Ноер Фернандез.
Ако летово не сте виделе брзопотезен пресврт во рок од само 1 минута, тогаш погледнете ги случувањата на дуелот меѓу Хјустон и Шарлот, каде од 1:0 наеднаш резултатот се претвори во 1:2. Стоперот ја врати на памет.
И тоа во прва лига. Од коментарите на Твитер издвојуваме: Ова да му го направеа на некој во Јужна Америка, цел стадион ќе им се симнеше на тие двајцата.