Таг: автогол

Охридски автогол на месецот

Спортската среда не е само Лига на шампиони. Имаш и македонски Куп на пример и автогол кој може да му парира на оној на Бразилецот од Бенфика. Додуше овој беше понежен спрема својот голман, а оној на мечот против Баерн немаше осет.

Гол и автогол во Германија кои 100 години нема да се повторат

Хит, чудо, бизарно, неверојатно, комично, пациенти...Фрчат на големо наслови за двата гола на второлигашниот натпревар меѓу Ауе и Хамбург кој заврши 1:1. Домаќините поведоа на многу, ама на ептен многу среќен начин, а на израмнувањето во 94-та минута мислиш пола играчи ќе се онесвестат. Погледнете ги овие реакции.

Одбојкарски смеч на Лацио во Лига Европа

По поразот од Милан, Лацио под водство на Сари бележи нов пораз, овој пат од Галатасарај со 1:0. Голот за 3 бода на домаќините им го подари Томас Стракоша, кој втора сезона му е замена на Пепе Реина. Трагикомедија, невидена и во романска четврта лига.

Апсурден поклон во 95-та минута за шампионот на Шпанија

На фудбалерите на Виљареал убаво им тргна на мечот против Атлетико Мадрид и на два пати имаа водство, но сепак остануваат без победа по првите 3 кола. Крајот во судиското продолжение не можеа да го одиграат полошо. 

Монако со ужасно несреќен автогол се елиминираше од ЛШ

Рубен Агилар тешко дека успеал да заспие синоќа после оваа случка на реванш плејофот за ЛШ меѓу Шахтјор и Монако. Во обид да скрати додавање, ни крив ни должен си ја закопа во гол и тоа во 114-та минута.

Евроавтогол на Ранко во Америка

Во дуел меѓу двете последнопласирани екипи од МЛС лигата, Далас извлече бод против Ванкувер во 90+4' минута по јакиот автогол на Ранко Веселиновиќ со глава.

Во Австралија падна автогол кој не може да се објасни

Не го гледајте повеќе пати, бидејќи нема да ви помогне да сфатите зошто го направи ова.

Голманот на Хаити се надмина себе си

Канада ја совлада селекцијата на Хаити со 3:0 во квалификациите за СП 2022. Внимавајте добро на оваа голманска реакција до сега невидена во фудбалот, освен кога игравме пред зграда во второ одделение. Овој изгледа се обидува канадски пасош да извади.

Дај поништете го, греота е

Мачва Шабац е српски прволигаш кој според реакцијата на голманов малку ќе ве подзамисли дали е стварно прволигаш. Него едно прашање до тие што бараат допуна на шалтер. Можно е да се кладел дека ќе биде прв стрелец на мечот, има таква понуда во билтен за голман? 

Знаете ли дека во Германија постои награда за најглуп гол на месецот

Во многу европски и светски лиги има разни признанија: за најубав гол, за најферплеј потег, за најдобар стрелец, за најубава одбрана итн. Германците отидоа подалеку па имаат и забавна традиција: секој месец телевизиската емисија „Прекрасниот свет на фудбалот“ доделува награда за најлош гол на месецот - Kacktor des Monats.

Сте виделе автогол од 40 метри?

Јасна е намерата дека сакаше да му клизне и да ја расчисти, ама како ли му успеа ова? Коментаторот вели дека ова е најдобриот автогол кој го има видено. Инаку несреќава се случува во Ирска.

Автогол кој никогаш нема да го разбереме

Режисерот на комедијава се вика Микаел Рош кој брани за селекцијата на Тахити, а денеска му честитаат 5 години од невозможниот и нестварен потег кој го изведе во ОФЦ Лига на шампиони која се игра во Океанија.

Исто ти е дали губиме 5:0 или 6:0

Дунавац - Бродарац, лето 2012-та. На голманот му дојде преку дур со таков резултат, па барем се запиша меѓу стрелците.

Автогол на годината во трета шкотска лига

Старите кладилничари сигурно го паметат Дамбартон, некогаш шкотски премиерлигаш, сега во тамошната трета лига. Во Европа викендов се зборува за овој клуб по смешниот автогол кој си го дадоа на мечот со Форфар дома. Пораз 0-1 по оваа комедија на голманот Ремсботом и стоперот МекГивер.

Ова е уиграна акција или?

Триаголникот на Фил Џексон.

Не е можно да си до толку глуп

Португалскиот фудбал му го нуди на светот кандидатот број 1 за автогол на месецот, деценијата и векот. Никој не може да биде по кутар од овој, освен ако мора да ја мести. Па уште им подари бод во 93-та минута.

Како бе вака си ја закопа?

Емануел Нтим од Валенсиен должи многу објаснувања за потегов кој веројатно никогаш повеќе нема да му успее во кариерата. Со циркузантскиот автогол му подари 3 бода на гостинот Гренобл.

Најсмешниот автогол на колото падна во Англија

Во англиската Лига 1 (трета во хиерархијата), Ипсвич Таун изгуби дома 0-1 и тоа поради смешниот автогол на Марк МекГинис во 69' минута од мечот. Да сакаше да ја удри вака немаше да успее.

Најјаката одбрана на планетава се игра во Сирија

Запознајте ги Паоло Малдини, Алесандро Неста и Јап Стам, како и Нелсон Дида. Не бе овие се од друга галаксија.

Добро го тоа мислеше, лошо го тоа направи

Еден поинаков автогол од сите други ни доаѓа од Словенија, каде играчот со број 4 во вода му го фрли трудот на голманот и уште поточно, му ја поништи одбраната од пенал.

Недозволиво е вака да интервенира голман

Одиме со мала пауза на тема репрезентации и се селиме во втората шпанска лига или поточно во канарското дерби Тенерифе - Лас Палмас каде се случи кикс на сезоната. Голманот на Тенерифе изгледаше имаше ласер во око или па за момент помисли дека игра одбојка. Трето нема.

Кинески автогол на денот

Несреќникот доби употреблива топка, ама се постави со погрешна нога и несмасно со цеваница ја удри во спротивен правец од гол. Сето тоа го следеше неговиот чувар кој излезе двојно поголем несреќник од него.

Не се објаснува автоголов во Србија

Второлигашниот натпревар меѓу Динамо Врање и Железничар Панчево го донесе најтрагикомичниот автогол на годината во цел свет. Голманот на домаќините, Мирослав Орлиќ никој не го зборува по тоа што се фрли како мачка во истата акција, туку по циркузантскиот потег со рака.

Ама си ја закопа гревов од Каљари

Милан ја заокружи сезоната победнички со 3:0 против Каљари, а помош за да го отворат резултатот добија од Естонецот Клаван, кој пред две години направи трансфер од Ливерпул во Каљари. Фино се снајде во шеснаесетник.