Таг: автогол

Абе тој не е од твоја, али ок

Некои контри 2 на 1 со голман, знаат да завршат како што никој не би очекувал, како оваа во МЛС. Ова требаше да биде лесен гол, ама скроз го промаши додавањето по кое како да ви кажеме.

Ништо страшно де, не беше намерно

Фудбалер во летонското првенство до толку се фрли во очај што легна на земја да плаче, а го тешеа и противниците. А не е дека направи голема беља, туку само си ја закова од пола терен и им донесе 3 бода на домаќините.

Ако не па главата да ја извадев

Не е глуп, туку главата не му излезе во пресрет со добрата идеја.

Па немаше сонце бе Томе

18 години поминаа, така што можеби некој заборавил, ама тука сме да потсетиме. Се случи на денешен ден во Бундеслигата и не се повтори, а главен актер е култниот Босанец Томислав Пиплица во дрес на Енерги Котбус против Борусија Дортмунд.

Каква е оваа голманска реакција во Хрватска?

Автогол кој ќе влезе во најтесна конкуренција за најсмешно видео инсерти падна во прволигашкиот хрватски фудбал. Автори се двајца играчи од Горица, односно тој што дегажирање и ова голманчево што реагираше како да е фатен и во раце и во нозе. Тоа е таа реакција на коментаторот: Ај, јој.

Најбаналниот автогол на сезоната е дело на голман во Франција

Толку е ова глупо, што човек не може да го сконта и објасни, а се случи во втората француска лига на мечот Каен - Гренобл конечни 2:0. Па ова не проаѓа ни на тренинг.

Ако има номинација за автогол на годината, детево ќе победи

Викендов тргна со автоголови. Во Париз на дербито ПСЖ - Лион, гостинскиот фудбалер Маршал си даде трагикомичен автогол, а ништо помалку чуден не беше ни оној на Мајк Трезор, играч на Вилјем Втори.

Кога ќе те нагрнат Ди Марија, Мбапе и Нејмар и вакви автоголови паѓаат

Малку му била оваа навала од тројца, па Томас Тухел се решил и за Икарди во напад, а се работи за Лига Куп натпревар. И после ПСЖ - Сент Етјен 6:1 ќе заврши и ќе има паника во одбрана. Епа ќе има.

Автоголот на годината го имаат Арапите

Секое друго решение ќе беше подобро од ова. Тројца на еден беа, лево имаше играч, а он панично како без памет. Дагауууу.

Си го уништи и голот и голманот со цеваница

Бундеслигата го има автоголот на колото и месецот, кој ќе конкурира за најтрагикомичен автогол и на сезоната. Вердер - Мајнц синоќа заврши 0:5. Бидејќи нели малку примија домаќините, па уште и им помогнаа на гостите. Што ти е добар домаќин кога имаш.

Што среќлии ќе беа овие од Баер Леверкузен

Во 5. коло од Лига на шампиони во групата Д, Локомотив Москва игра дома со Баер Леверкузен. После 60 минути игра 0-2 за гостите кои поведоа после многу чуден автогол. По еден корнер, шпицот Едер кој на Португалија ѝ донесе злато на Европско 2016, во желба да избие една топка несмасно го погоди соиграчот Жемалетдинов и топката отиде во гол. Ова е инаку 5. автогол на противник на Баер Леверкузен сезонава, а 3-ти во Лига на шампиони.

Автогол на сезоната во Бразил

Васко да Гама против Гоиас во бразилското фудбалско првенство. Домаќините поведуваат 1:0 преку некогашниот најголем талент на јужно-американскиот фудбал, Колумбиецот Фреди Гуарин, а Гоиас израмнува дури во 90+7’ минута по еден смешен, бизарен автогол на Освалдо Енрикез.

Има автоголови и „автоголови“

Работите во чешкиот фудбал веќе пар години се многу сменети. Спарта Прага веќе не е апсолутно доминантна над градскиот ривал Славија која има сериозно богати кинески сопственици, игра Лига на шампиони (го водеа Интер на гости до 92-ра минута) и која викендов со 0-3 ја прегази Спарта на гостински терен.

Антологиски автогол после промашен пенал

Мајко мила колку е ова лошо, комично, нестварно и незамисливо. Ќе си почине од мака човеков. Па да можевме да ги собереме сите видеа од 19-ти век кога почнал да се игра фудбалот во Англија, па до сега, нема да најдеме ваков автогол.

Солза ни потече кога го видовме автоголов

Бразил vs Австралија за играчи до 17 години. Многу ќе треба да го тешат детево за да не изгуби самодоверба во иднина.

Роналдо му ја подаде, а овој си ја закопа во гол

Толку е нејасна, несмасна и глупа интервенцијата на голманот на Литванија, што ова по логично е да се запише како негов автогол. 10 пати го изгледавме видеово и не сфативме како една ваква тренинг топка успеа да си ја смести во гол.

Од чија си бе ти пријателе?

Фасцинантно од синоќешните квалификациски натпревари е што Косово успеа на Англија да и даде три гола и тоа на гости. Поведе во 37 секунда, ама затоа до крај на прво прими пет, а во второ даде уште два за конечни 5:3. Автоголот што си го даде е како за во градинка.

Најнесмасниот автогол на годината

По ниту една логика вака не се расчистува топка. Па да ја оставеше ќе беше 100 пати попаметно. Несреќниот ни доаѓа од Аргентина, а овој лоб не се гледа повторно. Уникатна глупост е ова.

За автогол од пола терен треба да си талент

Запознајте го Жунињо, ама полека не легендата на Лион, туку една друга легенда од Атлетико Миниеро кој има многу добар преглед на игра кај му се наоѓа голманот. 

За трофеј со ваков автогол треба само к`смет

По пауза од 29 години, селекцијата на Алжир е освојувач на Африканскиот Куп на нации откако во финалето ја совлада Нигерија со 1:0. Голот за победа е како да ви кажеме. Скроз г`злачки автогол со лоб удар уште во 2 минута. Марез ја доби и оваа битката со Мане, покрај онаа за титулата во Премиер лига.

Ако нејќе на прва, ќе сака на втора

Кога човек што не следи фудбал ќе ти каже дека тоа го сфаќа како игра во која 22-ца будали трчаат по една топка, веројатно мисли на овој брилијантно завршен корнер.

Ако не сака во нивниот, дај во нашиот

Руска полу-аматерска лига. Автогол професионален. Не можеше да ја залепи во противничкиот гол, па тргна да му ја враќа на голманот, ама како му ја врати поарно да не ја враќаше.

Што автогол ќе беше ова?

Најсмешното, најчудното, најлошото и најнелогичното боксување се случи во Копа Либертадорес на мечот Алианца Лима од Перу против Палестино од Чиле. Топкава ја снема од стадион и потоа влезе во гол со помош на пацерската интервенција на голманот.

Па добро убаво се разбравте

Емен синоќа го испапа 2:5 дома од Ајакс, ама потегот на мечот го има Никола Таљафико од Ајакс. Овде нејасно е кој е повеќе крив. Стоперот навидум фино ја врати, а голманов како да зариба во место.