Според она што до денес 22. април е познато, неколку лиги во разни спортови би требало да продолжат во следните термини:
Лига на шампиони - 7 август
Лига Европа - 2 август
Премиер лига - 8 јуни
Ла Лига - 29 мај
Серија А - 31 мај
Бундеслига - 9 мај
Лига 1 - 3 или 17 јуни
Ередивизија - ништо пред 1 септември
НБА - ќе се решава во мај
НХЛ - ќе се решава на лето, уште нема одлука
Формула 1 - ќе се решава на лето, уште нема одлука
Тенис - не пред 13 јули
УФЦ - 9 мај
Ниту еден топ турнир сè уште не се реши за конкретен датум туку само за првични планови и предвидувања.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ - На последното заседавање, во вторникот, УЕФА ја потврдила претходната одлука, дека ако се биде во ред, реванш натпреварите ќе се доиграат на 7-8 август. Европската фудбалска унија сака да се игра фудбал на секои 3-4 дена и финалето да биде крунисано на 29 август.
Постои и варијанта со четвртфинале без реванш за побрзо да се доврши веќе почнатата сезона.
ЛИГА ЕВРОПА - Првичниот план е натпреварите од 1/8 финалето меѓу Севиља и Рома и Интер и Хетафе да се одиграат на 2-3 август а реваншите на 6-ти август. Четвртиналињата се предвидени за 10 и 13 август, полуфиналињата за 17 и 20 август а финалето за 27 август во полски Гдањск.
ПРЕМИЕР ЛИГА - За не изгубат дополнителни стотици милиони фунти од ТВ права, во Англија се цврсто намерачени да ја доиграат сезоната по секоја цена. Планот е: исцрпувачки фудбал и 9-10 натпревари во 5 недели.
ЛА ЛИГА - Шпанската фудбалска федерација размислувала да ја прекине сезоната по актуелната табела и така да завршат. Но подоцна Хавиер Тебас (Ла Лига) и Луис Рубиалес (Шпанска фудбалска федерација) имале 8-часовен состанок и решиле да доиграат зошто многу клубови не биле задоволни со позицијата на табелата.
СЕРИЈА А- Италијанците многу сакаат да ја продолжат сезоната и ако треба без гледачи пред празни трибини. Најгласен заговорник за ова е Клаудио Лотито чиј клуб после повеќе од 2 децении сериозно конкурира за скудетото. Од друга страна претседателот на Бреша Масимо Челино се закани дека ако скоро се продолжи со фудбал додека умираат луѓе, неговиот клуб ќе отстапи од лигата.
БУНДЕСЛИГА - Информацијата за рестарт на 9 мај не е инсајд, туку лични зборови на директорот на Германската фудбалска лига (DFL) Кристијан Зајферт. Во Германија веќе разработиле план со цел да се минимализираат ризиците при одигрување натпревари: тренинзи во помали групи, драстична хигиена, масовно тестирање на играчи и тренери. Гледачи се разбира нема да има.
ЛИГА 1 - Според здружението на клубови од Лига 1, сите клубови од најдобрата француска лига губат неколку милиони евра месечно.
Претседателот на Нант неодамна рекол: „Упатив предлог до работната група на ЛФП: За да се стартува со тренинг на 15 април до 15 мај и после да видиме каде сме. Предлагам играчите да бидат затворени во кампови како во пред-сезоните со медицински тим до нив. И никој друг да нема. Зошто викам 15 април? Затоа што тоа одговара со статистичките предвидувања во Кина, Јужна Кореја, Јапонија“:
Новости за рестарт на сезоната нема веќе две недели. Јасно е дека Лига 1 има два плана: 3 јуни е оптимистички сценарио, 17 јуни песимистичко. Се зависи од ситуацијата во земјата.
ЕРЕДИВИЗИЈА - Во Холандија се забранети сите масовни собири (дури и без гледачи) до 1 септември затоа фудбал нема да има до тогаш. Фудбалската федерација е склона да ја заврши сезоната така како што е во моментов, без оглед на опомените од УЕФА дека ќе изгубат место во еврокуповите.
ФОРМУЛА 1 - Уште е ништо нејасно.
КОШАРКА - Во НБА исто ништо не е јасно. Комесарот Адам Силвер изјаци: „Не сме во состојба да донесеме какво било решение и не јасно е кога ќе бидеме“.
Евролига сака да игра плејоф по доигрување на регуларниот дел од сезоната иако никој не претпоставува кога. Единствено што планираат следната сезона да им почне во октомври.
ТЕНИС - Веќе почнаа да се спомнуваат датуми за рестарт, како на пример 13 јули (женскиот турнир во Монтреал). Во меѓувреме се појавија планови за играње на неофицијални турнири, без гледачи, како оние во Германија, Франција, Велика Британија и во академијата на Надал на Мајорка.