Се работи за натпревар од фудбалскиот шампионат во Гана меѓу екипите на Ашголд и Интер Алиес, ако ви значат нешто. Екипи кои ако има правда, треба веднаш под иста постапка да бидат суспендирани и испратени во петта лига, иако и за таму не се.
Мечот бил наместен да заврши со точен резултат 5:1 за Ашголд и тоа оди ептен лесно и глатко, а за да се уверите, има видео доказ од тоа колку смешно ги примаше головите голманот на Интер.
И сега внимавајте добро што се случува на 5:0 после 80-та минута. Еден од одбранбените играчи на Интер под претпоставка дека не ја уплатил во кладилница, си даде два автогола. Ама онака апла си ги шутна, без пардон.
Приказната за овој потег има две верзии:
Првата е дека бил исфрустриран што не можел да се клади, не е познато од кои причини, а втората која е многу по фина и која само малку го амортизира ударот, ама во своја корист, тој сакал да спречи заговор дека мечот е наместен.
Која и да вистинска верзија, сепак успеал да го уништи криминалот и наместо 5:1, мечот заврши 7:0. По двата автогола, фудбалерот бил изваден од игра.
Најјако би завршила лакрдијава ако се појави доказ дека типов уствари ја имал уплатено сингл 7+.
А сега уживајте во головите.