Баерн нема да плаќа невакцинирани играчи во изолација, тренер на Вердер Бремен обвинет дека имал лажен сертификат

Германската јавност се соочува со жестоки дебати и дискусии какви што има во секоја земја. За или против вакцина е прашањето кое се поставува често.

ШУТ-КАРТА ПОРАДИ ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ

Вердер Бремен, клуб кој пред неколку години сензационално освои Бундеслига и играше стабилно во Лига на шампиони, се соочува со големи проблеми. Екипата испадна во втора лига (првпат после 1980-та), а ни таму не им цветаат ружи зошто се дури на осмо место без изгледни шанси да се вратат во елитата.

Во меѓувреме германските медиуми соопштија дека Вердер Бремен го отпуштил тренерот Маркус Анфанг очекувано поради слаби резултати, но се испоставило дека една од причините, покрај слабата игра, бил и лажниот фалсификуван сертификат за вакцинација од коронавирус.

Помошникот тренер Флоријан Јунге исто добил шут-карта поради таа причина.

„Поради исклучително напнатата ситуација за клубот, екипата, моето семејство и мене самиот, решив веднаш да  ја завршам својата работа како главен тренер. Поради тоа побарав од надлежните веднаш да ми го раскинат договорот и тие ми го усвоија барањето“, на сајтот на Вердер стои изјавата на тренерот Афганг.

Иако уште во четвртокот минатата недела тренерот уверувал дека примил вакцини и чека понатамошна постапка: „Јас примив две вакцини во официјалниот центар за вакцинација и добив документи кои го потврдуваат тоа. Се надевам дека наскоро прашањата ќе се разјаснат“, рекол Афганг пред неколку дена. Тогаш клубот го поддржал тренерот и поверувал во неговата потврда дека се вакцинирал.

Но после пар дена ситуацијата се сменила.

Спортскиот директор на Вердер Бремен, искусниот Франк Бауман соопштил дека бараат нов тренер.

„Причината за одлуката (да ги отпуштат тренерите) е истрагата на јавното обвинителство за двајцата тренери и немирот околу клубот. Маркус (Анфганг) и Флориан (Јунге) ја носат на себе целата одговорност за своите чекори и ќе помогнат да се стави крај на сите превирања околу клубот и екипата во последните денови. Ја почитуваме нивната одлука и сега ќе почнеме да бараме нов тренер“.

Во меѓувреме главниот скаут на клубот, Клеменс Фритц се заразил со вирусот и веќе го пратиле во карантин и немал симптоми.

Привремен тренер на клупата ќе биде Даниел Зенковиќ кој во сабота за првпат го водеше Вердер Бремен, на мечот против Шалке (1:1). 

НЕОДАМНА ЈАВНО ВО ВАКЦИНАТА СОМНЕВАЛ БИСЕРОТ НА ГЕРМАНСКИОТ ФУДБАЛ И БАЕРН, ЈОЗУА КИМИХ КОЈ СЕ СООЧУВА СО ОСУДИ

Во Германија, како и во речиси сите земји има големо анти-ваксерско расположение. На крајот од октомври еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња Јозуа Кимих признал дека не е вакциниран и рекол дека на тоа го приморува „отсуството на подолгорочни испитувања“ и не ја исклучил можноста да се вакцинира во иднина.

„Не сум сигурен во вакцина. Секако, знам за својата одговорност и се придржувам до сите мерки вклучувајќи ги и тестовите на два-три дена. Но секој треба сам за себе да носи одлука. Така јас не го негирам вирусот и сум противник на вакцината. Не зборувам категорично дека никогаш нема да се вакцинирам. Можно е само подоцна“, рекол германскиот репрезентативец.

После ова Јозуа бил нападнат од критичарите, германски доктори го предупредувале за последиците и го повикале да даде најдобар пример за останатите. Професорот на Германски спортски универзитет во Келн, Инго Фробозе дури и споменувал крај на кариерата за врвниот фудбалер.

„Ризикот по кој тој оди е доволно голем. Големи проблеми со невакцинирани спортисти се поврзани со постковид синдром. Во најлош случај може да доведе до завршување на кариера, така се случи со други спортисти кои сега ги набљудуваме“.

Притоа Кимих финансиски ја поддржува борбата против Ковид заедно со неговиот соиграч од Баерн и Германија Леон Горетцка. Тие двајца ја основале иницијативата We Kick Corona во која собирале средства за тие кои биле најсилно погодени од коронавирусот. Кимих и Горецка донирале повеќе од 6 милиони евра и благодарение на нив сиромашните земји преку УНИЦЕФ добиле околу 500.000 вакцини.

Баерн Минхен во меѓувреме соопшти дека нема намера да плаќа на играчи за периодот кога ќе бидат во изолација ако тие не се вакцинирани.

Во моментов во карантин се пратени Ерик Максим Шупо-Мотинг, Микаел Кјизанс, Серж Гнабри, Џамал Мусиала, Јозуа Кимих. Уште двајца врабтоени во клубот кои биле во изолација претходно биле викнати на средба со управата.

Раководството на клубот предводено од генералниот директор Оливер Кан, претседателот Херберт Хајнер и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ им кажале на удбалерите дека нема да им плаќаат дел од платата за периодот кога биле во карантин, пишува германски Bild.

Според некоја пресметка, Кимих би можел да изгуби околу 768.000 евра поради отсуството од тренинзи и натпревари додека се наоѓа во карантин, а е невакциниран. Кимих и останатите играчи биле изненадени од таквата одлука на Баерн Минхен и бараат правна помош со цел да упатат жалба на ваквите одлуки.

Во Германија расте бројот на позитивни случаи иако е вакцинирана 2/3 од населението. Секојдневно има по околу 45.000 нови случаи, односно два пати повеќе отколку пред две недели. 

22 ноември 2021 - 09:23