Кога синот ќе се метне на таткото фудбалер

Наскоро на дресовите повторно може да читаме Малдини, Клајверт, Беркгамп, Ван дер Сар, но ќе ги носат играчи со други имиња, т.е. наследниците на легендарните фудбалери.

Даниеле Малдини (14 години)

За рубриката верувале или не. Три генерации од семејството Малдини го носеа црвено-црниот дрес. Чезаре Малдини, таткото на Паоло е легенда на овој клуб за кој син му стана рекордер по бројот на настапи. Сега и двата сина на Малдини ја поминуваат школата на Милан. Постариот Кристијан (19) е безнадежно заглавен во Примавера (младинците), така што јавноста во Италија го сврте вниманието кон помалиот, Даниеле Малдини.
 
По овој потег со Сидорф покажа дека го разбира фудбалот:
 
Џастин Клајверт (16)

Патрик Клајверт, поранешниот фудбалер на Ајакс и Барселона има четири деца и сите четворица активно играат фудбал. Од сите нив најголем талент е Џастин кој игра лево крило за младинскиот тим на Ајакс и на репрезентацијата на Холандија до 17 години.

Талент дефинитивно е и најмалиот, Шејн Клајверт кој има 8 години:

Мичел Бергкамп (17 години)

Синот на легендата на Арсенал почна да тренира во школата на Топџиите, но кога неговиот татко се врати во Холандија, малиот Мичел продолжи во академијата на скромниот клуб Алмер Сити. Игра во нападот и многу е технички поткован. Единствено што му недостасува е физичка сила.

Џо Ван дер Сар (17 години)

Како и татко му, така и Џо реши да ги облече голманските ракавици. Ван дер Сар помладиот тренираше во младинската школа на Манчестер Јунајтед. Во 2011. година, по враќањето во Холандија со семејството, Џо бранел за аматерскиот тим Нордвајк, а две години подоцна премина во Ајакс. Сезонава брани за Ајакс У-19.

Исак Дрогба (17 години)

Во академијата на Челси, Исак тренирал уште од мал и не го сменил клубот дури и кога татко му ја напушти Англија. Исак игра исто во нападот како Дидиеа и совршено знае да ја гради топката а исто е многу брз. Минатата година кога го прашале за која селекција би играл во иднина, тој изјавил дека предност би ѝ дал на Англија. Оан Џоркаеф (18 години)

По дедо му Жан и татко му Јури, по фудбалската топка реши да трча и Оан. Игра во средината на теренот, а првите чекори ги учел во школата на Сент Етјен. Пред некоја година се пресели во Евијан каде играл за вториот тим. „Сигурен сум дека ќе го биде за фудбалер", изјави дедо му Жан.

Оан Џоркаеф (18 години)

По дедо му Жан и татко му Јури, по фудбалската топка реши да трча и Оан. Игра во средината на теренот, а првите чекори ги учел во школата на Сент Етјен. Пред некоја година се пресели во Евијан каде играл за вториот тим. „Сигурен сум дека ќе го биде за фудбалер", изјави дедо му Жан.

Наил Кион (20 години)

Синот на поранешниот стопер на Арсенал и Англија, Мартин Кион игра за вториот тим на Рединг и за Ирска У-21 (благодарение на баба му од таткова страна). Наил како и татко му игра во централниот дел од одбраната и по конституција и начинот на игра многу е сличен на Мартин.

Луан и Ноа Клосе

Двата сина на Мирослав во моментов тренираат во Лацио, екипа за која веќе петта сезона игра нивниот татко.