Најубавиот гол на Мундијалите во 90-та минута

Ако треба да се направи компилација на легендарни голови во нокаут фаза на Светските првенства, тогаш таму сигурно влегува оваа мајсторија која се случи на денешен ден пред точно 20 години. Франк Де Бур од своја половина му дава топка со очи на Денис Бергкамп, овој ја прима најфраерски што може, го праќа Ајала по цигари и го матира Ван Дер Сар. Коментаторот полудува, а Холандија оди во полуфинале.

Составите на Холандија и Аргентина, боли глава.

4 јули 2018 - 09:40