Најдобрите моменти на Венгер во Арсенал

Денес се случи нешто епохално: Арсен Венгер објави дека заминува од клубот по крајот на сезоната. Кои беа неговите најзначајни моменти со „Топџиите“?

Каков што беше во текот на поголемиот дел од својата кариера, мирен и достоинствен, Арсен Венгер така и соопшти дека си оди од својот омилен дом.

Навивачите на Арсенал во последно време го загубија трпението што го имаа за постот на трофеи и сушните години, па неретко ја извикуваа паролата Wenger Out која стана светски распространета.

14 години без титула и прва година без Лига на шампиони беа капки што ја прелија чашата па Французинот како да сфати дека е време да го отстапи местото на некој друг.

Но тој ќе остане запаметен по некои славни моменти.

1. НЕПОБЕДЛИВИТЕ 2003/2004

„Ако не веруваш дека можеш да направиш нешто, тогаш немаш никакви шанси“, изјавил Арсен Венгер пред почетокот на фамозната сезона.

„Мислам дека можеме да ја завршиме сезоната без пораз. Во тоа не гледам ништо невозможно. Еднаш Милан успеал во тоа и не сфаќам зошто сите се шокираа од таквиот став“, кажал Венгер во септември 2002-ра.

Величествената напаѓачка четворка на Французинот: Јунберг, Пирес, Бергкамп и Анри веќе неколку години играше заедно. Практично телепатски се разбираа меѓусебно. Но немаше значајна разлика меѓу Арсенал од претходната сезона (најсилна банда во земјата која не освои ништо) и ’Непобедливите’. Венгер во меѓувреме ги потпиша само Коло Туре во одбраната и Јенс Леман на голот.

Тоа според него на тимот му донел рамнотежа: „За Венгер најважно е да имаме точни додавања. Тој сакаше бековите да имаат максимално многу варијанти и да ги изберат најдобрите. За брз фудбал му требаа брзи фудбалери кои можат така да играат“, се сетил еднаш Лорен кој играше десен бек.

Сите четворица дефанзивци на Арсенал во таа чудесна сезона, ја почнале кариерата како напаѓачи а тројца од нив лично ги преобразил Арсен. Сите четворица играа висок пресинг и тоа му овозможи на Арсенал да дава најмногу голови од сите а да прими најмалку од сите. „Топџиите“ ја завршија сезоната со 26 победи, 12 нерешени и ниту еден пораз. Нивниот од продолжи и следната сезона па стигнаа до рекордни 49 натпревари без загубен натпревар во Премиер лигата.

Непобедливата серија траеше 49 меча по ред од мај 2003 до октомври 2004 со што го урнаа претходниот рекорд на Нотингем Форест од 42 средби без пораз во 1978.

2. ПРВАТА ТИТУЛА

Години пред да се појават „Непобедливите“, поточно во сезоната 1997/1998 Арсен Венгер го освои првиот шампионски трофеј со Арсенал.

Тој прв ја запознал Англија со иновацискиот метод за скаутирање играчи, строго забранил чоколадца и ги заменил со европска диета, посветил многу внимание на деталите (например барал повисоки клупи за повисоките фудбалери). Таквиот пристап со филозофијата на игра му дал на Арсенал предност во однос на конкурентите и го направил претендент за титулата.

1997/1998 била првата цела сезона на Венгер (претходно дошол на полусезона). Брзо ја прекомандувал екипата со 4 дефанзивци и заиграл 4-4-2 каде немало класични напаѓачи туку му дал слободна ролја на Денис Бергкамп. Холанѓанецот успешно го искористи тоа во нападот и го одигра најдобриот фудбал во кариерата.

Пресврт во сезоната бил поразот од Блекбурн 3:1 во декември. Капитенот Тони Адамс играл ужасно и дури им рекол дека сака да ја заврши кариерата после мечот. Венгер тогаш направил нешто необично - му дал на Тони 3-неделен одмор сред сезона. Адамс се врати како друг играч и постигна гол на шампионскиот меч против Евертон.

3. ЕМИРЕЈТС

Денес е тешко да се измери тежината и напорот во изградбата на новиот стадион. Во 2002-ра кога Арсенал го направил првиот чекор не било баш лесно да конкурира со најбогатите клубови.

Планот не одел по замислата зошто во тоа време не било лесно да се најдат моќни и богати инвеститори како денес па Венгер морал да се повинува со политиката на клубот за штедливост и внимателно трошење. Да го одржиш клубот во Лига на шампиони во една таква ситуација е грандиозно достигнување а на Венгер тоа му успеа.

ДВОЈНА КРУНА 2001/2002

Крајот на сезоната 2001/02 е најмоќната разврска во историјата на Арсенал. После 17 кола екипата беше на 4. место по бодови поблизу до 8-от отколку до лидерот. Но од тој момент Арсенал не изгуби ниту еден меч до крајот, направи страшна серија од 21 натпревар без пораз со дури 13 победи до финишот.

Серијата ги вклучи и првиот триумф на „Енфилд“ во епохата на Венгер (имено Ливерпул им беше тогаш главен конкурент во шампионската трка), легендарниот гол на Денис Бергкамп против Њукасл (Арсенал на тој меч играше без 5 стандардни првотимци) и генијалната игра на Роберт Пирес. Французинот одигра полусезона за „Златна топка“ - признание му оддадоа и соиграчите и навивачите:

5. ТРАНСФЕРОТ И ЕВОЛУЦИЈАТА НА ТИЕРИ АНРИ

Анри е најдобриот пример и прв на списокот симболи за методологијата на Венгер да менува играчи.

Тој дојде во Арсенал како неразвиено лево крило од Јувентус а замина со статусот најдобар играч и стрелец во историјата на клубот. На самиот крај Анри „ја уби“ класичната англиска деветка ала Алан Ширер и ја почна епохата на разновидни напаѓачи. Тиери ден-денес го држи рекордот во Премиер лига по бројот на асистенции во една сезона.

Тиери дури и призна дека повеќе ги цени асистенциите од головите.

6. ПОТПИСОТ НА СОЛ КЕМБЕЛ

Снажниот стопер одамна му се допаѓал на Арсен Венгер. Французинот признавал дека кога играат против него, напаѓачите на Арсенал „не личат на себе“.

Спротивно на позадината на ветувањата на Сол Кембел дека ќе потпише нов договор (и според легендата ветил дека нема да премине во Арсенал), Венгер успеа да го сврти муабетот дека „Кембел преоѓа на повисоко ниво и скоро Сол во првото градско дерби како играч на Арсенал заигра покрај неговиот „постар брат“ Тони.

7. СУВАТА СЕРИЈА ВО ЛШ 2005/06

Сезоната 2005/06 беше најнеуспешна од сите на Венгер по бројот на освоени бодови. Но Арсен во нејсвојствен стил смислил план да ја одведе екипата до финалето на Лига на шампиони. Франузинот ја преобрази екипата во контранапаѓачка формација 4-5-1 и Јенс Леман не прими ниеден гол во нокаут фазата од Лига на шампиони.

Успехот се засноваше врз надежната одбрана во која беа Емануел Ебуе и Филип Сендерос, а на позицијата лев бек во една сезона се сменија дури 7 различни играчи (меѓу кои и Паскал Сиган и Себастијан Ларсон).

8. ТРИУМФ НАД ХАЛ ВО ФИНАЛЕ НА КУП 2014

Првпат во кариерата Арсен изјави дека ако Арсенал го изгубел тоа финале тој ќе заминел. „Топџиите“ примија два брзи гола но мечот имаше драматичен епилог. После ужасни 60 минути Венгер го внесе Јаја Саного во пар со Оливие Жиру и се трансформираше во 4-4-2.

Ваквата одлука го смени текот на настаните. Саного ја разби длабоката одбрана на Хал, Арсенал заигра одлично и успеа да направи победи во продолженијата.

На 9-годишната серија без трофеј и дојде крајот.

9. ФУДБАЛОТ НА АРСЕНАЛ 2007/08

Во првата декада Венгер играше брз фудбал а во втората, на почетокот од 2000-те тој фрли карта на посед на топка и технички фудбал. Летото таа година Арсенал остана без Тиери Анри, Жилберто Силва замина на Копа Америка и шанса на средината доби Матје Фламини кој идеално го надополнуваше Сеск Фабрегас.

Арсенал играше прекрасен фудбал но не ја освои титулата зошто против себе го имаше најсилниот Јунајтед во ерата на Фергусон и неколку пехови со повредени играчи. И покрај тоа освоија 83 бода таа сезона (3 најдобар резултат во епохата на Венгер)

10. РЕКОРД ПО ТРОФЕИ ВО ФА КУПОТ - 2017

Арсен лани го освои 7-от ФА Куп и тоа е најмногу во 145-годишната историја на овој најстар турнир на светот. 7 трофеи во Купот имаат Челси и Ливерпул заедно. Уникатно достигнување на еден странски тренер.

Венгер го крена пехарот благодарение на формацијата 3-4-3 со што го преобрази Арсенал кој победи 9 од последните 10 меча таа сезона. Во полуфиналето и финалето ги совлада најмоќните тимови таа сезона. Мечот против Челси беше круна на тактичката способност на Венгер.