Кристијан Ериксен се обрати од болница

Откако целиот свет се обедини во желбите најдобриот фудбалер на Данска што поскоро да оздрави и да се опорави, Кристијан сега му одговори на светот со голема благодарност.

Здраво на сите. Голема благодарност за вашите слатки и преубави желби и пораки од целиот свет. Многу ми значи на мене и на мојата фамилија. Добар сум во околностиве. Треба да направам уште некои испитувања во болница, но се чувствувам добро.

Сега ќе навивам за дечките од репрезентацијата на Данска на следните натпревари. Играјте за цела Данска! Сè најдобро, Кристијан.

15 јуни 2021 - 09:54