Кадар на денот: 74 години генерации и генерации го чекаа моментот па се расплакаа

Сезоната 2021/2022 во англиската Премиер лига стартуваше во западен Лондон. Новиот премиерлигаш Брентфорд го пречека и совлада Арсенал.

Брентфорд никогаш не играл во Премиер лига. Од далечната 1947-ма не играле во прва лига (тогаш под поинаков назив).

После 74 години се во прва лига и на отворањето го победија големиот Арсенал со 2:0. Интересно, стадионот „Брентфорд Комјунити“ е отворен во есента 2020-та и станал 60-ти стадион на кој се играл меч од Премиер лига. Капацитетот на овој стадион е 17.000 гледачи.

Голема радост во Англија донесоа полните трибини на дуел од Премиер лига, зошто речиси една година лани имаше ограничувања и воопшто немаше ни публика. Сега благодарение на високото ниво на вакцинација, властите допуштија влез за навивачите.

Пред преполн стадион Брентфорд ја забележа првата победа во прва англиска лига уште од 1946-та година! Цели 75 години генерации и генерации чекале нивниот омилен клуб да влезе во најдобро друштво што на крај и се случи.

Брентфорд го победи фаворитот Арсенал со 2:0 со по гол во прво и второ полувреме. До почетокот на останатите натпревари Брентфорд е прв на табела во Премиер лига.

14 август 2021 - 11:18