Ако можат театри и кина да бидат отворени, зошто не и стадиони?

Во Англија се поведе голема дебата околу двојните стандарди на властите во однос на мерките и протоколите во борбата против глобалниот вирус.

Пратениците во Британскиот парламент денес ќе дебатираат како и дали навивачите би можеле безбедно да се вратат на фудбалските стадиони после речиси 10 месеци.

За тоа колку Британците се луди по фудбал говори и фактот дека над 200.000 луѓе ја потпишале онлајн петицијата со која бараат од Собранието да одржи седница на која ќе се дискутира евентуално отворање на трибините.

Ова доаѓа откако министрите и Собранието донеле одлука публика да може да се врати во театри, во галерии и кина, но не и за фудбалските натпревари на отворено.

„Стварно не ја разбриам логиката на Владата да им дозволи на луѓето да посетуваат театри па дури и кина да гледаат фулмови, ама седење на отворено на стадион не може. Ја вреѓа логиката“, вели Јан Мрнс, шеф на парламентарна група во собранието.

Унијата на фудбалски навивачи вели дека сите докази и истражувања покажале дека фудбалските стадиони може да се отворат на сигурно.

„Сработивме многу со фудбалските авторитети за да се одржат натпревари на кои навивачите ќе бидат сигурни. Фидбекот што го имаме од сите наши членови е дека гледачите би биле сигурни најмалку онолку колку што се сигурни луѓето во супермаркети, пабови и ресторани“. 

А директорот на третолигашот Флитвуд Таун Стив Карвуд вели:

„За жал нема многу членови на кабинетот кои се прави фудбалски навивачи. Кабинетот нема разбирање што сакаат да направат клубовите“.

9 ноември 2020 - 09:42