На велелепниот „Вембли“ за финалето на ФА Купот (најстаро фудбалско натпреварување на светот) пуштија дури 21.000 навивачи кои со песна, бакљи, пиво и дружба потсетија како изгледаше фудбалски амбиент.
Да се дозволи влез на гледачи после долго време била идеја на Канцеларијата за дигитална технологија, култура, медија и спорт на Велика Британија (DCMS)
Пред натпреварот сите навивачи направиле брз тест на коронавирус и резултатите ги добивале на мејл. Пред влез на трибини секој тест на навивачите бил проверуван од редарите, а требале да направат и уште еден брз тест после мечот.
И Челси и Лестер добиле по 6.250 влезници за навивачите.
Интересна беше изјавата на тренерот на Челси Томас Тухел:
„Се навикнав навивачите да отсуствуваат, така што можно е сега да доживеам шок кога ќе излезам на терен и ќе слушнам врева, но тоа е многу пријатно. Многу го чекавме овој момент. Меч без гледачи не е тоа тоа, така што ќе ги видиме нашите навивачи, членовите на нашите семејства. Мислам дека тоа е огромен импулс за сите“.
Што се однесува до самиот меч, Челси имаше повеќе од играта и шансите до 63' минута кога со само еден директен шут во голот на ривалот, Лестер поведе преку Тилеманс.
До крајот „лисиците“ ја сочуваа предноста благодарение на својот капитен и голман Каспер Шмајхел кој бранеше бескпрекорно.
Челси го загуби и второто финале на ФА Купот по ред, откако лани во август 2020-та беше поразен од Арсенал со 1:2. Но најголемиот предизвик за „сините“ на Томас Тухел ќе биде мега спектаклот со Манчестер Сити на 29 мај кога се игра финалето на Лига на шампиони.
Брендан Роџерс го освои првиот трофеј во Англија и докажа дека на маестрален начин го води Лестер. Најголемото достигнување на Роџерс претходно беше освоеното второ место со Ливерпул во Премиер лига во 2013/2014.