Навивачите на Шефилд Јунајтед одамна се спремија за испаѓање зошто екипата одигра очајна сезона, па полесно го прифаќаат тешкиот пад назад во Чемпионшип. Некои дури и прават мајтап од тоа.
По примерот на едни навивачи на Лидс Јунајтед кои објавија фотографија на која се гледа како пред 16 години татко, ќерка и син на денот на испаѓањето држат картон со парола „ќе се вратиме“, па под неа и слика 16 години подоцна како држат картон со натпис „Се вративме“.
Така 25-годишен навивач на Шефилд Јунајтед објавил фотографија со татко му Филип како жалеле за испаѓањето од Премиер лига во 2007-ма и фотографија од сега
Клубот тогаш при испаѓањето западнал во сериозни финансиски проблеми, дури и во советот на директори го примиле глумецот Шон Бин кој бил голем навивач на Јунајтед и вложил 10 милиони фунти.
Судибната на Шефилд тогаш се решила во последно коло. Дома играле против директниот ривал за опстанок Виган и изгубиле 1:2. Во паралелниот меч Вест Хем го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 и Шефилд испадна поради најслаба гол разлика и 38 освоени бода.
Некои навивачи на Шефилд бурно реагирале на социјалните мрежи, па Крис вели:
„Сакав да направам фотографија за шега. Повеќето навивачи пред неколку месеци сфатија дека испаѓањето е неизбежно па сакав да го сменам расположението. Не очекував таква реакција“.
Твитот со фотографијата собрал 115.000 лајкови и преку 9.000 ретвитови. Иако има такви кои го напаѓаат, 99% од одговорите се позитивни и добронамерни иако на секој навивач на Шефилд не му е лесно што се враќаат во напорниот Чемпионшип.
„Секако дека во 2007-ма беше многу потешко: пораз во последно коло дома, испаѓање поради гол-разлика. Но сезонава Шефилд стварно понекогаш играше добро и ни даде некаква надеж но воглавно игравме слабо. Најлошо од се е што мислевме: Може ли да опстанеме? Не опстанавме. Таквата надеж убива. Сега испаднавме и да се спремаме за Чемпионшип. Се надевам дека следната сезона ќе ни тргне“, вели Крис.