Таг: шефилд јунајтед

На 6 примени, автогол со петица нема ни да се примети

Арсенал стана првата екипа во историјата на англискиот фудбал со три гостински победи од по минимум 5 постигнати гола. Синиќа го потопија Шефилд со 0:6, а веќе во 39 минута на семафорот стоеше 0:5. Сите 6 гола ги постигнаа различни стрелци, а меѓу нив има и еден на Шефилд кој им ја сокри топката на топџиите.

Британски хумор и кога е тешко - повторена сцена од пред 14 години

Шефилд Јунајтед е тим кој лани за малку не се пласираше во еврокупови преку Премиер лига, а сезонава на цели 6 кола пред крајот и теоретски испадна во Чемпионшип.

Од кај го извади рефлексов голманот на Шефилд?

Удавениот Шефилд Јунајтед кој со 11 бода е прв кандидат за испаѓање славеше против ВБА, а пред една недела го совлада Јунајтед. Запознајте им го голманот Арон Рамсдејл. Па ова уште 100 пати да го гледате, ќе бидете убедени дека е гол. Една од најјаките одбрани на сезоната.

Ах колку фали навивачка песна да згрми

На денешен ден 24 септември 2017 година се одигра еден од најжестоките дерби дуели во Британија - дербито на градот на железото Шефилд Венздеј против Шефилд Јунајтед. При резултат 2-2, домашните грмат на трибините, а гостите чекаат нешто да се случи. Марк Дафи ги носи во водство во 67' и 30.000 оддеднаш замолкнуваат во штама.

По 9.000 меча првпат згреши и окото јастребово (Hawk Eye)

Голем превид на првиот меч во Премиер лигата по паузата, Астон Вила - Шефилд Јунајтед на кој гостите беа драстично оштетени.

Го видовте ли најчудниот гол на полусезона во Премиер лига?

Минатиот четврток, Џонџо Шелви, најдобриот играч на Њукасл, стана херој на мечот против Манчестер Сити, а во четвртокот вечер против Шефилд го даде најчудниот гол на сезоната.

Де Хеа па не е реално ова што го направи

Манчестер Јунајтед одигра 3:3 на гости против Шефилд Јунајтед во меч во кој „црвените ѓаволи“ сигурно ќе примеа повеќе погодоци ако го немаа шпанскиот голман на голот.

Приказна за тешкиот пат на Били Шарп - најанглискиот напаѓач во Премиер лигата

На 10 август, 12 години после својот последен меч во Премиер лига, Шефилд Јунајтед го даде првиот гол во мрежата на Борнмут, кој на навивачите им го подари Били Шарп, човекот кој требаше да го направи тоа.

Јунајтед го прави најскап на свет стоперот на кого Фергусон му се јавил пред 8 години

Англискиот репрезентативец Хари Мегваер наскоро би можел да го сруши трансфер рекордот на Вирџил Ван Дајк и Матејс Де Лихт за најскап дефанзивец на сите времиња. Јунајтед спремен да плати 80 милиони фунти за него.

Е мој судија

Енди Вулмер, еден од подобрите англиски судии сосема случајно со пета отвори контра за Виган кој во истата акција постигна гол против Шефилд Јунајтед. Мечот заврши 3-3, така што штетата на Вулмер (17-та секунда) помина со помалку притужби.

Силувачот Еванс пак ќе игра фудбал

И покрај петицијата потпишана од 90 илјади жители на Шефилд кој се противат на неговото реактивирање во фудбалот, Чед Еванс доби дозвола од англиските власти да ја продолжи професионалната кариера.

Затворен поради силување, навивачите не го сакаат во тимот

Со петиција потпишана од 60 илјади симпатизери на Шефилд Јунајтед, од управата на англискиот клуб се бара да не го враќа затворениот Чад Еванс во екипата.