Апсурдни 0:0 на Вила Парк во Бирмингем по рестартот на Премиер лигата.
Во 40' минута фудбалерот од среден ред на Шефилд, Оливер Норвуд изведе слободен удар после кој голманот на Астон Вила Ниланд буквално си ја стави во гол.
Ниланд немаше простор за реакција зошто на пад го примора неговиот соиграч Кинан Дејвис. Проба да ја задржи топката на гол линијата но влезе внатре:
Grotesk start på Premier League!
— Clark James (@ClarkJamesYNWA) June 17, 2020
Bolden ser unægteligt ud til at være inde på Villa Park, men Hawk Eye siger nej (!).
Fortsat 0-0. What?! 😃 #pldk pic.twitter.com/IbjhxnOibj
Топката многу очигледно влезе преку линијата, но главниот судија Мајкл Оливер не го призна голот. На несигурните играчи на Шефилд Оливер им покажуваше на рачниот часовник кој вибрира и свети во случај топката да ја помине линијата. Но во случајов немало никаков сигнал.
Парадоксално оваа одлука за гол линијата не е поврзана со ВАР, туку за тоа сметка води системот кој работи со 14 камери и сензори на двата гола и во топката. Мува не смее да пројде а да не биде видена.
Во случаите со ВАР одлука носат судиите, а за „јастребово око“ автоматски системот. Тренерот на Шефилд Крис Вајлдер прво му се обратил на судијата Оливер и го прашал зошто не работи системот на гол-линија.
ПРВА ТЕХНИЧКА ГРЕШКА НА СИСТЕМОТ ПОСЛЕ ЦЕЛИ 7 ГОДИНИ И 9.000 МЕЧА
Неколку часа подоцна, откако мечот заврши 0-0, од Sky кажаа дека ова е прва грешка од 2013-та година. Причината не е човечка грешка тука техничка неисправност.
Компанијата Hawk Eye која што раководи со системот објаснила дека системот на камери и сигнали не работел затоа што одбраната, голманот и стативите ја ограничиле видноста на седум камери кои покриваат еден гол.
Од оваа компанија рекле и дека системот работел на почеток на мечот кога бил проверен и дека ова е прва ваква техничка грешка после цели 9.000 меча!
Судиите исто така се правдале. Судискиот корпус во Премиер лигата изјави дека според правилата на IFAB (Организација која се грижи за правилата во фудбалот), ВАР може да провери само дали топката ја преминала линијата. Но тука главниот судија не добил сигнал од системот за проверка, па ниту тој го прекинал мечот за да провери ВАР ниту пак видеоасистентите се мешале.
Во Премиер лигата видеоасистентите им помагаат на судиите во ситуации со исклучување, со пенали и спорни моменти кога гол може да се поништи или не поради фаул или офсајд.
А за топката преку гол линија е задолжен системот, така што овде наводно е исклучен човечки фактор. Судијата посто немал причина да не му верува на системот кој не сигнализирал на неговиот рачен саат.
А букмејкерската куќа Paddy Power ветила дека ќе им исплати тикети на сите кои играле дека стрелец на гол ќе биде Норвуд и дека Шефилд ќе даде прв погодок.