Во 70’ минута од мечот, по едно додавање со глава од високиот Енди Керол, Шелви истрча сам еден на еден со голманот Дин Хендерсон кој беше незаинтересиран затоа што неговите соиграчи застанаа на сред акција поради кренато знаменце за офсајд.
Играчите на Шефилд не го забележаа Шелви, но како што помошникот линиски судија крена знаменце за офсајд и тие во исто време почнаа да креваат раце и сигнализираат офсајд. Дури и Енди Керол разочарано креваше раце во вис.
Но главен и најодговорен на терен секогаш е судијата и тој ги потсетил играчите на Шефилд дека се игра додека судијата не свирне поинаку. Главниот арбитар Стјуарт Етуел не обрна внимание на својот линиски помошник и му дозволи на Шелви да го заврши нападот како што налагаат правилата: Џонџо мирно се доближи до голот и шутираше во мрежата крај голманот:
На крај одлучуваше ВАР дали голот е регуларен. Видео-асистентите судии почнаа да проверуват дали Керол бил во офсајд, но се испоставило дека не бил. Играч на Шефилд доцни со реакцијата и Керол не е во недозволена ситуација.
Чист гол за Њукасл.
На крајот гостите славеа со 0-2 и се израмнија со Шефилд по бројот на бодови (обата клуба се на средина од табелата).
„На почетокот на сезоната ми кажаа дека линиските судии не треба да креваат знаменце додека акцијата не се заврши. Но тој го крена знаменцето и судијата сакаше да свирне офсајд. Сите на теренот застанаа, па дури и Шелви.
Играва е целосно сменета. Сега веќе не е онаа игра во која јас почнав на 16 години. Таа се смени многу. Не знам каде оди се ова, но душа ни вади на мене и на навивачите“, се жалеше после мечот тренерот на Шефилд Крис Вајлдер.
Вајлдер треба да знае дека по воведувањето на ВАР, на линиските судии им е препорачано да не креваат знаменце ако не се 100% сигурни дека е офсајд. Тоа не му се допадна ниту на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој изјави дека во Англија судиите не проверуваат некои моменти со помош на ВАР. Во Италија ги проверуваат по половина час, тоа е многу. Јас никогаш не сум бил голем фан на овој систем, но судиските судии треба да почекаат со кревање знаменце“.
Just seen the Jonjo Shelvey goal. Was inevitable that this would happen at some point. Play to the whistle has never been more important.
— Gary Lineker (@GaryLineker) December 5, 2019