На 8 мај 2004 година Лидс Јунајтед одигра 3:3 со Чарлтон Атлетик и испадна од Премиер. Во елитата не беа цели 16 години. За тој период многу работите се смениле во животите на навивачите на Лидс.
Дента на мечот против Чарлтон на стадионот било семејството на Едријан Кершоу. Тој заедно со синот Том и ќерката Еми држеле плакат со натпис „Ќе се вратиме“.
По долго чекање Лидс се врати таму каде што му е место, благодарение на Марсело Биелса, а семејството направи нова фотографија, овојпат со натпис: „Се вративме“.
Денес детето од старата слика веќе има 29 години. Работи како новинар.
„Секогаш знаевме дека ќе се вратиме во Премиер лига, но никогаш не помисливме дека ќе потрае толку многу долго. Имавме многу подеми и падови. Ова беше долг пат и би сакал ниту еден навивач веќе да не помине по тој пат. Не влечеа на дното на очајот. Секоја година кога не влегувавме во Премиер, чувствував како да стануваме се помал клуб.
Памтам, солзи ми дојдоа кога го победивме Манчестер Јунајтед во ФА Купот и дента кога станавме прваци во Чемпионшип и се пласиравме во Премиер. Тоа беше одлично патешествие и среќни сме што цело семејство помина заедно. Не беше лошо да се повтори фотографијата на стадионот но со тоа што се случува во последно време глобално, мислам дека вака е подобро“, рекол 29-годишниот навивач на Лидс.