Фото на денот

Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.

Заигра и во прво коло од Премиер лига каде даде прв гол во прв тим во триумфот 3:0 против Кристал Палас.

Чалоба и Мејсон Маунт некогаш собираа топки на „Стемфорд Бриџ“ а сега се првотимци во европскиот првак: