Долга колона и илјадници нарачки направени во тек на само еден викенд е резултат на повикот кој го испрати сопственичката на книжарницата Стренд во Њујорк на социјалните мрежи. „Ни треба вашата помош. Се надевавме дека овој пост никогаш нема да го напишеме, но нашите приходи се намалија за 70% во однос на минатата година, а заемите и резервите кои ни овозможуваа да издржиме изминатите месеци се стопија“, напиша таа.
Нејзиниот повик предизвика паѓање на сајтот во саботата за прв пат во историјата на постоењето на книжарницата поради огромниот број нарачки. „Луѓе често ни раскажуваат за магичните моменти кога прв пат нашле долго барана книга кај нас или се сретнале на прв состанок токму во книжарницата. Знаевме дека нешто им значиме. Но ова е крајно трогателно“, е реакцијата на книжарницата сега.
Биле направени 25.000 нарачки во текот на викендот, споредено со вообичаените 300 нарачки дневно. И не само онлајн, во еден момент имало повеќе од 200 луѓе кои чекале на две локации во Ист вилиџ и на Апер вест сајд. Еден читател купил и пица за сите вработени а имало и такви кои се понудиле да работат волонтерски. Непознат дарител ѝ испратил букет на Вајден. Една жена од Бронкс купила 197 книги а 21 луѓе побарале Стренд, книжарница која постои од 1927 и ја преживеала Големата депресија и Втората светска војна, да им ги дизајнира домашните библиотеки.
Љубов луѓенца...