Овој принцип на работа трае успешно веќе два месеци, а остварениот приход во овој период е само за 5% помал од реалната цена означена на книгите.
Но профитот не е главната цел на овој проект на синџирот книжарници Popular Bookmall, кој има осум книжарници во Кина. Според нивниот маркетинг директор, ако луѓето навистина ја прочитаат книгата, тогаш не е важно дали ја зеле без пари. Во просек се продаваат околу 60 книги, што е добра бројка со оглед на тоа што и во Кина оние електронските полека го преземаат пазарот во однос на традиционалните, а голем број независни издавачи се борат за опстанок.
Oва не е прв пат истата книжарница да прави инвентивни кампањи - во септември минатата година компанијата извади 1,000 книги и столни лампи на улица, охрабрувајќи ги луѓето да „излезат на романтична вечер со книга". Во Нанџинг се наоѓа и Libraire Avant-Garde, најубавата книжарница во Кина, која е изградена на местото на некогашен подземен паркинг. Оттаму, најновата акција се смета за уште еден успешен обид од овој град да се направи и книжевно-туристичка атракција.