Хејвуд Хил, независна книжарница во Лондон, одбележува 80 години постоење. По тој повод пред една недела ја најави наградата „Доживотна библиотека“. Во извлекувањето може да учествува секој, од кое било место во светот, а единствениот услов е да испрати порака во која ќе каже која книга издадена на англиски, од 1936 кога е основан овој издавач, му значела најмногу и зошто. Ова можете да го направите и вие до 31 октомври на следниот линк
Доколку бидете извлечени, издавачот се обврзува секој месец, до крајот на вашиот долг и начитан живот, да ви испраќа нова книга, избрана така да одговара на вашиот вкус.
Ова е на некој начин продолжување на постоечкиот консултантски „пакет“ на Хејвуд Хил, во кој врз основа на вашите преференци тие ви одредуваат која книга да ја читате месечно, и ви ја доставуваат на домашна адреса. Така, еден читател од Конектикат добива книга месечно веќе 40 години.