Ѝ барале опскурни информации, ги пуштале децата да трчаат наоколу и да кинат книги, или едноставно биле вулгарни. Австралиската книжарка Ан Барнетсон во текот на својата работа како продавачка на книги видела и слушнала сè и сешто. Но сега смислила прилично оригинален начин да излезе на крај со ваквите сиутации.
Ан е креатор на Customer Service Wolf, стрип кој може да се најде на Инстаграм и Тамблр и кој на хумористичен начин ги опишува тензичните ситуации кои понекогаш знаат да се случат во нејзината книжарница. Главен лик е волкот-книжар, на кого често му е толку преку глава од претерувањата или неодлучноста на муштериите (во форма на зајаци, птици и други животни), што на крај прескокнува преку пултот и ги јаде.
И ова според авторката не се само нејзини лични фантазии за некаква одмазда, туку такви сигурно имаат сите кои после долг ден на работа се чувствуваат измалтретирано и на работ од нервите. Додуша вели дека цртежите се повеќе терапија отколку реален опис на нејзините реакции, кои секако мора да бидат многу пољубезни во секојдневието.
Епизода: Поранетиот купувач
Името и ликот доаѓаат од прекарот кој на Ан ѝ го дал некој колега - „Летечки волк“ (или волчица?). Всушност првиот стрип му бил посветен нему, но потоа таа сфатила дека има уште многу што да си олесни на душата. Не открива во која книжарница точно работи, а понекогаш опишува и искуства на нејзини колеги од други продавници. Во една од нив, на пример, дошла жена која единствено знаела дека книгата што ја бара е - портокалова.