Таг: стрип

Штрумфови и Тинтин на новите белгиски пасоши

Растенија, орли, поранешни претседатели, светци, значајни историски фигури. Дизајните на пасоши обично следат одредени конвенции. Но од оваа недела сите нови пасоши на Белгијците ќе содржат - ликови од стрипови!

Омилената песна на Одри Хепберн

Пол Дезмонд, оригиналниот саксофонист од квартетот на Дејв Брубек, бил заљубен во Хепберн. Ѝ посветил песна, но никогаш не дознал дали воопшто ја имала слушнато.

Мрачниот Мики Маус

Низ стриповските кругови долго време кружи „урбана легенда“ за стрип на Дизни во кој Мики се обидува да изврши самоубиство на различни начини со комичен ефект. Сепак ова не е легенда туку факт, кој зборува за начинот на кој во меѓувреме се сменило нашето чувство за „смешно“.

„Сапиенс“ на Јувал Ноа Харари излегува како стрип

Историјата на човештвото ќе биде раскажана низ серија графички новели базирана на бестселерот на Харари.

Дејвид Ли Рот (Ван Хален) почнал да слика, и е одличен

Откако пандемијата го врзала дома, музичарот почнал да се занимава со нешто што го нарекува „изведбена терапија“.

Стриповите на Гери Ларсон конечно се онлајн

25 години откако се пензионираше, Ларсон посвети огромна енергија на тоа дали некој ќе му ги скенира стриповите и ќе ги стави на интернет. Конечно реши да оди по онаа - ако не можеш да ги победиш, придружи им се. 

Книжарница во која работи волк (и излегува на крај со невозможни муштерии)

Без оглед дали продаваат облека, цвеќиња или козметика, продавачите знаат дека постојат тешки муштерии, кои имаат невозможни барања или кои не знаат што сакаат. Една таква продавачка на книги почнала да црта стрип во кој се замислува како волк.

Кога Стен Ли имал состанок на слепо со своја позната колешка

Многу пред Стен Ли да стане легендарниот креатор на Спајдермен, Халк и доктор Стрејнџ, и пред Патриша Хајсмит да стане славна писателка („Туѓинци на возот“, „Талентираниот г-дин Рипли“, „Керол“), обајцата во своите дваесети години живееле на Менхетен и работеле во областа на стрипот. Еден нивен заеднички пријател се ставил во улога на проводаџија.

Стрип за духот на Сид Вишс и една баба

Нов британски стрип под наслов Punks Not Dead (Панкот не е мртов) спојува навидум неспоиви нешта: панкери и баби. Поточно ликот и делото на мртвиот Вишс со една стогодишна тајна агентка, која се обидува да излезе на крај со неговиот дух.

Не се сите деца еднакви родени, посебно не првото и второто

Родители што се до второ дете знаат колку е ова точно, родители што се уште на прво се колнат дека нема шанси ова да се случи.

Нов француски стрип за животот на едно глуво дете

9 март во Франција е националниот ден на слухот, посветен на зголемувањето на свесноста за проблемите на 6-те милиони луѓе со нарушен слух во оваа земја. По тој повод излезе стрип кој го прикажува секојдневниот живот на едно семејство со глуво дете. 

Приказната за сексот: од мајмуни до роботи

Од древните грчки оргии и вибраторот на Клеопатра полн пчели, преку смерните викторијанци, до сексуалните вештини на Индија, нашите (човечки) сексуални копнежи и реализирани ќефови отсекогаш биле разновидни. Нов стрип напишан од познат сексолог ја следи не само историјата, туку и можниот развој на настаните на полето на физичкото општење.

„Мојот Батаклан“: стриповска приказна на преживеан од терористичкиот напад

Фред Девајлд е еден од преживеаните од нападите во Париз на 13 ноември. По трагедијата во салата Батаклан во која беа убиени 90 луѓе, тој истовремено бил среќен што може да му се врати на семејството и трите деца, но и трауматизиран. Неговото решение - да направи стрип и така да ја раскаже својата приказна.

Графички роман за животот на една хотлајн девојка

Стрип за жена која зборувајќи им безобразно на други, си ја испитува сопствената сексуалност. Руф ан.

Маргарет Атвуд објави стрип за деца

Опишана како една од најзначајните современи писателки, Атвуд, набргу откако го прими Златниот венец во Струга, има уште една причина за частење. Вчера, 6.9., од печат излезе нејзина нова книга - стрип чијшто главен лик е мачкоптица.

Стрип за животот на Агата Кристи

Од нејзиното детство во Англија, преку кариерата исполнета со авантури, до староста како Дама Агата, ова е приказна за една од најславните писателки на сите времиња, која не само што измислувала мистерии, туку и ги живеела.

Премиерот на Канада во стрип на Марвел

Џастин Трудо се занимавал со разни работи во животот - боксувал, држел обуки за скокање банџи, има неверојатни јога вештини. Плус е млад и симпатичен. И, да, премиер. Доволно елементи за да се најде во стрип на Марвел.

Загор или за југословенскиот капитализам

Викендов, како што пренесоа и нашите медиуми, на 87 години почина Галиено Фери, цртач на стрипот со којшто израснаа бројни генерации.

Проблемот со жените

„Женските мозоци биле не само помали, туку и направени од мек, сунѓерест, лесен материјал" - ова е текстот на еден од цртежите во новата книга на Џеки Флеминг, феминистичка но истовремено хумористична книга, за оние силни жени изоставени од учебниците по историја.

„Машкуданка" од Лиз Принс

Во дигиталниот речник на македонскиот јазик под „машкуданка" стои - „лице од женски пол со машки црти или со машко однесување". Овој графички роман се однесува токму на овие девојчиња, кои се разликуваат од нивните врснички само по тоа што се чувствуваат поудобно во пантолани наместо во фустан, и играјќи со колички наместо со кукли.

Сирија, стрипувана

Сè што би требало да знаете за причините за трагедијата на Сирија. А не е за нафта или за религија, туку за она во кое сите по малку учествуваме.

Стрип посветен на историјата на пивото

Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).

„Планета на кучките": феминистички стрип на годината

Научно-фантастична серија стрипови која според зборовите на критиката „им во вади сексистичкото срце на експлоатативните дискурси во врска со жените, а потоа нивните трупови ги лансира во друга галаксија".Доволно да го заскокотка феминистот во секој од нас.

Бил Вотерсон се врати!

Доколку сте љубител на Калвин и Хобс и на неговиот автор знаете колку оваа вест е истовремено и необична и фантастична. По две децении Вотерсон прв пат објавува стрип, како гостин кај негов колега.