Опишан како „Селинџер на стриповите" или „Бигфут на цртањето", Бил Ватерсон одеднаш се појави како гостин на неговиот колега Стефан Паститс, цртач и уредник на исто така славниот Pearls Before Swine.
Во последниот број на овој стрип oд минатата недела, Пастис е нацртан како му ја предава контролата на девојче од второ одделение наречено Либи (асоцијација на Бил), која му ги исмева цртежите и се фали дека може да направи подобар стрип. „Еве ти го мојот молив, Либ..уживај", вели Пастис. Следат неколку стриповски приказни кои се мешавина на неговите, и препознатливите цртежи на Бил Вотерсон.
Вотерсон престана со објавување на неговите стрипови во 1995. Познат е по реткото појавување во јавноста и по отпорот кон комерцијализација на неговите најпознати јунаци, момчето Калвин и неговиот бескрајно шармантен замислен пријател, тигарчето Хобс.
Пастис долго време без успех се обидувал да контактира со неговиот идол. Неодамна по кој знае кој пат тој му испратил свое стрипче, во кое бил претставен самиот, како успева да фати женска претставувајќи се како Вотерсон. Ова очигледно го шармирало Бил, кој му предложил на Пастис да нацртаат нешто заедно.
„Да ме прашавте какви се шансите Вотерсон да ми го напише ова, ќе ви речев дека тоа е исто како и Џими Хендрикс да ми каже дека има нов гитарски риф. И да, знам дека Хендрикс е мртов", изјавил воодушевениот Пастис.
Истовремено, двајцата автори се согласиле дека соработката ќе биде начин за собирање средства за истражување на Паркинсоновата болест, во чест на Ричард Томпсон, креаторот на Cul de Sac. Последниот стрип од нивниот проект е всушност асоцијација на оној со кој Вотерсон се збогува со јавноста. Сигурно се сеќавате на неговата порака..