Стен Ли (роден 1922) во периодот за кој станува збор бил уредник во Тајмли Комикс, компанијата која еден ден ќе еволуира во Марвел. Хајсмит (родена 1921) по дипломирањето книжевност се јавила на оглас за „писател-истражувач“ во Сангор-Пајнс комикс. Го добила местото и почнала да пишува сценарија за стрипови за Винс Фаго, кој му бил заменик на Ли во времето кога тој бил во војска во текот на Втората светска војна. Самиот Фаго бил толку фасциниран од убавината на Хајсмит, но истовремено и толку женет, што одлучил да ја спои со посоодветен ерген - со другар ми Стен.
Она што тој не го знаел во моментот е дека Хајсмит била многу позаинтересирана за жени - таа подоцна под псевдоним ќе ја напише антологиската лезбејска романса „Цената на солта“, истата онаа која подоцна ќе излезе под насловот „Керол“ и врз која е базиран истоимениот филм од 2016, номиниран за Оскар во шест категории.
Средбата на слепо е опишана во „Талентираната госпоѓица Хајсмит: тајниот живот и сериозната уметност на Патриција Хајсмит“, биографија од Џоан Шенкар. Интересот на Хајсмит за нејзиниот колега сепак не се должел (само) на нејзината сексуална ориентација (таа имала и врски со мажи), туку многу повеќе на фактот дека Стен целата вечер бил заинтересиран само за една тема, за себеси.
Во биографијата се додава дека познатата писателка била толку засрамена од својата работа во областа на стрипот - тогаш сметана за „ниска“ уметност - што се обидела да го избрише овој податок од сопствената биографија, фрлајќи илјадници страници сценарија за стрип. А се работело за дури седум години од нејзиниот живот, кога преживувала токму благодарејќи на пишувањето за стрипови. Од сите нив случајно е сочувана само една страница, на позадината на француски речник. Главниот лик во стрипот се вика - Златна стрела.