Дороти Кулпепер е окултист-експерт која работи за британската влада, со тајна задача - уништување на духови кои прават бељи. Иако има повеќе од сто години, благодарејќи на тоа што во далечната 1923 паднала во некаква фонтана на младоста, таа не само што е „држеча“, туку и атрактивна, облечена во мини фустан, високи чизми и со јака шминка.
Во новиот стрип „Панкот не е мртов (дел 1 и 2)“ на Дејвид Барнет и Мартин Симондс, таа му помага на еден депресивен тинејџер по име Ферги кој е прогонуван од духот на Сид Вишс да го искористи својот талент за комуницирање со духови за нешто добро, промовирајќи го во свој помошник.
Духот на Сид бил заглавен на лондонскиот аеродром Хитроу во последниве 40 години, до денот кога се сретнал со Ферги, чиј живот е далеку од идеален. Тука настапува Одделението за екстра-обични работи и спомнатата бабичка.
Изданието од критиката е оценето како „восхитувачко деби“, визуелен пандан на анархистичка музика, забавен а истовремено комплексен лавиринт на хаотично раскажувањe. Кое секако не може да биде поинакво кога во сето тоа е замешан Сид.