Нa снимање на албум со Брубек квартет од 1954, Пол Дезмонд, славниот саксофонист, композитор на антологиската „Тејк фајв“, импровизирал краток блуз. Песната ја насловил „Одри“, поради своите симпатии кон познатата актерка, и таа се нашла на аблумот „Брубек тајмс“. Следните неколку години квартетот повремено ја изведувал во живо, но не ѝ се навратил на друг албум.
Дезмонд никогаш не разменил ни збор со Одри. Но пролетта 1954 Хепберн настапувала во њујоршкиот „Ондин“, театар блиску клубот Бејсин каде настапувал Брубек квартет. Секоја вечер Пол го молел Брубек да направат пауза во точно одредено време, за да може да го претрча Тајмс сквер и да ја пресретне Одри додека таа излегувала од задната врата на театарот и влегува во лимузина.
Дезмонд починал од рак на бели дробови во 1977. Никогаш не се оженил, и не дознал дали Хепберн знаела за песната која ѝ ја посветил.
Кога таа починала, во 1993, нејзиниот поранешен сопруг Андреа Доти му се јавил на Брубек со молба - квартетот да ја свири „Одри“ на комеморацијата во нејзина чест во седиштето на Обединетите нации.
„Жена ми ја слушаше таа песна секоја вечер пред да си легне“, му рекол.
Целата приказна е убаво илустрирана во стрип во Њујоркер
(од книгата: Тејк фајв: јавниот и приватниот живот на Пол Дезмонд од Даг Рамси)