Прв пат го забележавме Том Голд преку неговото стрипче за улицата на која растел Вејтс. И кога би требало да се одлучиме помеѓу него и, на пример, xkcd на Рандал Манро, тоа навистина би бил тежок избор. За среќа никој не го бара тоа од нас.
Една од работите заради која Њујоркер е препознатлив и читан се неговите стрипчиња. Боб Манкоф, вчера (25.3) издаде книга за неговото искуство како цртач и уредник на оваа рубрика.
Канадскиот стрип цртач и аниматор Ги Делил (Guy Delisle) е еден од ретките кои не само што легално влегол во Северна Кореја, туку таму поминал и неколку недели. Врз основа на неговите искуства напишал графичка новела.
Стариот добар Бук за тоа дали навистина се потребни идеални услови за да создаваш, или тоа е сепак жесток внатрешен порив, кој одолева на сите животни премрежја. И стрипче според негова песна на оваа тема.
„На почетокот беше цртежот", би можела да гласи првата реченица од оваа стрип серија базирана врз Библијата, која според христијанскиот издавач Кингстоун треба да биде „најкомплетната графичка адаптација на оваа света книга на сите времиња".
Има така денови кога човек е фасциниран од некакво интернет откритие. За мене денес е ова - фактот дека постои дисциплина (засега само машка) која го премостува јазот помеѓу физичкото и интелектуалното, во која е подеднакво важно и како се тепаш, и како мислиш. А сето тоа почнало само како СФ идеја на еден стрип цртач.
Ако се препознаете во стрипов, вие сте среќни луѓе. Затоа што сте пронашле некого кого го сакате само затоа што го прави светот поподнослив, а вас подобри луѓе. И со кого ја имате онаа разбирачка која ја имаат само многу, многу добри пријатели.
Нашата љубов кон xkcd е долга и тенка колку и секое од човечињата во стрипот. Ама не сме саде ние, и не сме саде тука. Еве уште некој кој бил мотивиран да ја изведе тешко певливата Every Major's Terrible, или „Кој и да е факултет е грозен“. Добро легнува во екот на уписите, особено за бруцоши.
Сценаристот Лучијано Секи и цртачот Роберт Равиола, попознати под псевдонимите Макс Бункер и Магнус, во мај 1969. во Италија го покренаа стрипот „Алан Форд". Во бивша Југославија во 1972. загребски „Вјесник" го објави првиот број на српскохрватски јазик.
Серијата стрипчиња Peanuts на Чарлс Шулц, иако прв пат објавена во '60-тите, останува една од омилените од овој жанр, веројатно затоа што е толку едноставна и „точна" што нема што ниту да ù се одземе, ниту да ù се додаде.