Се сеќавам дека слични изреки, само со други цртежи, имаше и во едни мастики, и дека си ги собирав - мора да ми се некаде по дома. Еве неколку од книшката „Љубовта е кога одиш држејќи се за раце" од 1965., во која Луси, Снупи и Чарли Браун ја објаснуваат оваа необична појава, преку сосема обични ситуации и гестови. Ако за некои од нив се сомневавте дека се всушност љубов, сега знаете. Нам ни се најдобри „Љубовта е немрчење“ и „Љубовта е сакање идеи“. На пример идејата за некои луѓе..