Како да (зло)употребиш систем

Крвав епилог на македонска свадба

Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.

Насловите на статии кои функционираат како јадици за поголема читаност, а кои реално имаат банална па и лажна содржина се викаат „кликбејт“. Соодветно на ова, идејата за промоција на читањето преку (зло)употреба на истиот метод е наречена - литбејт.

Многу е просто, и прилично ефективно, барем додека читателот не сфати дека е измамен со посериозна тема. На пример, кликаш на „Британец умрел откако селфито не му испаднало како што треба“, а наместо тоа го добиваш целиот текст на „Сликата на Доријан Греј“.

Книжарницата од Далас која ја смислила кампањата се вика The Wild Detectives (Дивите детективи). Андрес Де ла Каса-Уертас, вработен во неа изјавил дека идејата не е толку да натераш некого да чита, колку да се промовира читачката култура, која на овој начин станува макар и за момент поатрактивна. Секој од лажните наслови е придружен со соодветна фотографија, која често е уште подраматична од самата вест.

Еве како изрекламираа неколку од книгите (обидете се да ги погодите):

 

 

 

(Гуливеровите патувања, Дракула, Владетелот, Ромео и Јулија)

Патем, Чернодрински идејата за „Македонска крвава свадба“ ја добил токму од новински текст во весникот „Реформа“ во кој се опишувал животот во тогашна Македонија. Како што пишува во своите Спомени: „Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед".

Ваши идеи за вакви наслови за други македонски дела тука