Најк никогаш не пропуштил шанса прописно да се исчатали пред Светско првенство во фудбал кои сè ѕвезди ги има во своето трло и обележано со своето лого. И сето тоа да го направи прописно филмски добро, како и што заслужува за парите што стојат зад нив.
Чиндон’ја се музички тајфи, чии членови, облечени во традиционална облека, на улица рекламираат продавници и настани. Отприлика како кога наши играорци би шетале низ град со постери за попусти.
Во иднина секоја реклама за автомобили во Франција задолжително ќе треба да содржи порака дека автомобилите општо не ги бива и да ги стимулира гледачите да не користат автомобили.
„Апсолутно ги мразам фините домаќински реклами на позадината на моите новопечатени книги“, твитна наградуваната британска авторка Џанет Винтерсон. Под твитот е фотографија на мал куп книги во мек повез, како горат.
Единствена причина зошто храната кај тебе во тањир не излгеда како храната на телевизија е затоа што оваа втората во најдобар дел не е храна и не е за ставање во уста.
Микелоб е еден од брендовите на пиво што ги произведува истиот конгломерат кој стои зад Бад пивата. За овој Супербол рекламната кампања на Микелоб е дека од продажбата на пиво ќе донираат пари за транзиција на регуларно земјоделско земјиште во органско. По ова следуваа правилата испишани со ситни букви.
Во сезоната 2018/2019 Интер првпат надминал приходи од 400 милиони евра. Клубот заработил 415 милиони, односно 20% повеќе од лани (346 милиони). Од нив 19,1 милион носи договорот со Pirelli, најверниот партнер на Интер во последните 24 години.
Како што Марлборо покажа чатал со бришење на буквите од кутиите со цигари, така Мекдоналдс реши да ги рекламира своите производи со тоа што комплет ќе ги замати.
Се ближи најголемиот настан во спортот во САД, финалето на Супербоул во кое одново ќе играат Петриотс (понеделник 4 февруари). И одново ќе има 100-милионска гледаност и одново ќе се снимаат реклами кои за 30 секунди простор мора да дадат околу 5 милиони долари затоа што една секунда чини 166.000 долари!
Националниот авио-превозник и еден од најголемите телеком оператори, Туркиш ерлајнс и Турк телеком, го повлекоа целиот свој буџет за рекламирање во американските медиуми како одговор на кризата што периодов се билда меѓу двата НАТО сојузници.
Годинава на закупување реклами на интернет ќе бидат потрошени 40 милијарди долари повеќе отколку на закупување реклами на телевизија. 2017 беше прва година во историјата кога на интернет беа потрошени повеќе пари на реклами отколку на телевизија. Прва година во светот.
На средината од февруари Федерер потпиша нов рекламен договор со авто гигантот Mercedes и според Forbes, “Маестро“ ќе заработи 15 милиони долари за 3 години. Таквиот договор само ја зацврсти репутацијата на Швајцарецот како „крал на рекламите“.
Логиката на дечково е, ако си толку добар копирајтер колку што мислиш дека си зошто наместо да кенкаш не земеш да направиш реклама на тема самиот себе и да се шитнеш на некоја агенција.
Рангирањето е компилација од тоа колку некоја реклама е гледана затоа што луѓе сакале да ја гледаат, колку пати била платена како реклама да биде пуштена пред некое видео и колку време луѓето имаат потрошено на нејзе.
За да ја менаџира штетатат откако глобални адвертајзинг тешкаши од рангот на Адидас и Дојче Банк ги повлекоа своите реклами од Јутјуб, видео платформата на Гугл почна масовно да брише акаунти, видеа и коментари.
Во драматичен пресврт на досегашната пракса, производителите на цигари добија судска наредба да почнат да се рекламираат на телевизија и весници. Во уште подраматичен пресврт за самите производители, рекламите што ќе ги плаќаат треба да објаснуваат како тутунската индустрија лажела за штетноста од пушењето цигари.