Акцијата на Микелоб е дека од секои 6 купени пива компанијата ќе одвои пари за транзиција на 6 квадратни стапки земјиште од регуларно во органско, притоа донацијата не може да надмине 2 цента по пакет од 6 пива. Во Волмарт 6 пива од Микелоб се продаваат за 8,98 долари.
Бројките од маркетинг индустријата покажуваат дека годинава 30 секунди реклама на Супербол чинеше 5 милиони долари. На Микелоб рекламата траеше 1 минута за што вкупно има платено 10 милиони долари (а сигурно уште толку пред и по Супербол за ширење на кампањата).
Меѓу сите овие бројки, на крајот од рекламата со ситни букви е напишано дека вкупниот буџет што Микелоб го има одвоено за донации за пренаменување земјиште е ограничен на 1 милион долари, не по земјоделец, туку тотал.
За да се стигне до крајната сума од 1 милион долари, Микелоб ќе треба 50 милиони пати да донира по 2 цента, што значи дека претходно ќе треба да продаде 50 милиони пакетчиња од по 6 пива.
Крајниот есап е следниот:
- Микелоб потрошил 10 милиони долари на Супербол реклама во која објавуваат дека ќе им донираат 1 милион долари на земјоделци, доколку муштериите купат нивно пиво во вредност од 450 милиони долари.