Двете компании објавија дека ја донеле својата одлука по кампањата што се разви на Твитер во која од нив се бараше прекинување на целосното рекламирање во американските медиуми.
Ројтерс пренесува изјава на претставник на една од компаниите, според кој бојкотот ќе ги опфати сите пишани, визуелни и социјални медиуми, но тој нема да влијае на кампањите и договорите кои се во тек.
„Ние како Туркиш ерлајнс одлучивме да застанеме на страна на нашата држава и нашиот народ,“ напиша на Твитер под хаштагот #ABDyeReklamVerme, заменик-претседател за односи со медиумите, Јаха Устун,
Хаштагот во превод значи „не им давајте реклами на САД“.
Слична порака на Твитер објави и директорот за комуникации на Турк телеком, Хамди Атес.
Недоразбирањето меѓу двете НАТО членки се влече веќе подолго време и се расплени во сите можни правци. Едните бараат екстрадиција на Фејтула Ѓулен од САД, другите бараат да биде ослободен еден нивен граѓанин моментално на судење во Турција, плус на ова има милијарди долари воени зделки меѓу двете страни и закани на Турција за почнување на воена соработка со Русија.
Последниот чин е на тема финансии и неколку неделниот крах на турската лира. Последно нешто што најави Ердоган околу целата работа е бојкот на американски електронски производ.
Годинава лирата изгуби 40% од својата вредност во однос на доларот.