Ќе бидат ли некогаш самостојните зумерите?

Свежите работни сили на САД, млади а возрасни лица, со бебешки чекори влегуваат во корпоративниот свет на Америка. А штом чекорите се бебешки, тука се мама и тато да ги фатат ако паднат. Неверојатни 77 проценти од Генерацијата З признале дека, за да им го држат стравот, носеле родител на интервју за работа. А тоа не е сè што прават хеликоптер родителите.

Преку половина од испитаните 831 млад човек, признале дека откако ќе влезат некаде да работат, нивните родителите ги контактираат нивните шефови барајќи напредување, слободни денови или зголемување на платата во нивно име. 

Истражувањето го спровел Њујорк Пост и покажало дека речиси на сите зумери, родителите им се активно вклучени во барањето работа, на 37% родителите им ги пишуваат CV-ата а на 73% им помагаат да ги завршат деловните задачи и обврски.

Кога родителите присуствувале на интервју на своето дете (што ги пуштаат уопште?) 40% само биле присутни но 34% одговарале на прашања, 30% родители поставувале прашања а 27% се мешале во преговорите за плата или бенефиции.

Стручњаци велат дека е ок родител да го прегледа CV-то, да даде совет или некоја конструктивна критика но не треба директно да учествува во тоа бидејќи го минира нормалниот професионален развој на своето дете. 

Но, потсетуваат и дека кога ќе дојде време за барање работа, веќе е доцна нешто битно да се исправи ако тоа чедо од мали нозе е навикнато родителите да му помагаат во секоја ситуација или предизвик. 

 

21 август 2025 - 11:14