Рекламите што беа најгледани на Јутјуб во 2017

Рангирањето е компилација од тоа колку некоја реклама е гледана затоа што луѓе сакале да ја гледаат, колку пати била платена како реклама да биде пуштена пред некое видео и колку време луѓето имаат потрошено на нејзе.

Најголемиот дел од списоков ќе ги препознаете, дел од што сте налетале, дел од што ви ги пратил некој, дел затоа што самите направиле фама околу нив (некои од Супер боул рекламите имаа и свои трејлери).

Покрај присуството на Двејн Џонсон, Натали Портман и Мелиса Меккарти најгледаната реклама за 2017 најверојатно сега премиерно ќе ја изгледате, индиска е, нема ниту една ѕвезда, прегледана е 150 милиони пати и содржински изгледа како слободно да може да се претвори во индиска серија од едно барем 80 епизоди. (П.С. има повеќе прегледи отколку рекламите на овие тројца заедно.)

Мерењето се однесува само на бројките од официјалното видео, без да се земе предвид ако истата реклама на пример ја има на повеќе канали, или во миксови и слично. Две реклами на списокот ја имаат надминато границата од 100 милиони прегледи од јануари до почетокот на декември годинава.


10) Mr. Clean | 2017 Super Bowl Ad | Cleaner of Your Dreams
17,6 милиони прегледи

 

9) Levi’s “Circles” Commercial l Full
22,3 милиони прегледи

 

8) iPhone 7 — The Rock x Siri Dominate the Day — Apple
25,3 милиони прегледи

 

7) adidas Originals | ORIGINAL is never finished
25,4 милиони прегледи

 

6) 2017 Kia Niro | “Hero’s Journey” Starring Melissa McCarthy
25,9 милиони прегледи

 

5) Budweiser 2017 Super Bowl Commercial | “Born The Hard Way”
28,5 милиони прегледи

 

4) Miss Dior – The new Eau de Parfum
43,0 милиони прегледи

 

3) Ping Pong Trick Shots 3 | Dude Perfect (sponsored by Oreo)
90,6 милиони прегледи

 

2) Clash Royale: The Last Second (Official Commercial)
110,7 милиони прегледи


 

1) Samsung India Service (SVC) – We’ll take care of you, wherever you are. #SamsungService
150,3 милиони прегледи

 

23 декември 2017 - 19:18