Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.
Џордан Сајлер не се смета себеси (толку) за уметник, колку за активист. Тој ги заменува билбордите и постерите од кои нè заплиснуваат реклами по автобуски постојки и други јавни површини со свои дела. Причина: рекламите визуелно нè трујат. Нудиме и наш скромен придонес кон неговата акција.
Новото „продакт плејсмент", или прикриеното рекламирање кое до сега (не) го забележувавме по филмовите и сериите, сега се состои во вметнување на име или асоцијација на бренд во поп песни од познати изведувачи. Уште побетер: тие ретроактивно се вметнуваат и во постари видеа.
Изборот е на магазинот АдВик, победник е пивото Њукасл браун, дело е на агенцијата Дрога5 ама и покрај сето ова технички зборено најдобрата реклама за 2014-та не постои.
Немаме бројки кој е најгледан клип од мундијалот, ама затоа ЈуТјуб се преброи кои им најгледаните видеа со реклами поврзани со Светското. Излезе Шакира е појака од сите.
За разлика од бугарската режисерка која низ цел Балкан го бараш потеклото на една песна (кај нас Ој девојче, девојче), сајтов ги собира сите реклами (барем колку може) и ви кажува која е песната во рекламата.
Големите спортски ѕвезди имаат огромни плати, но некои од нив заработуваат многу повеќе надвор од терените прифаќајќи секакви понуди за да рекламираат сè и сешто.
По години кога во маркетингот преовладуваат сите можни форми на комедија, одеднаш нешто се случува и истите тие што го превртуваа интернетот барајќи некоја нова реклама за да се здробат од смеење, се фаќаат самите себе како некоја реклама ги оставила сериозно емотивни. Почнува нова ера.
Најк нè остави без зборови со нивната извонредна реклама за Светското првенство во Бразил која руши рекорди по гледаност на Јутјуб, но не им е прв пат. И за претходните Мундијали тие имаа подготвено неверојатни реклами со најголемите ѕвезди, со исклучок на 2006-та кога подобри беа Адидас.
Бадвајзер, Ауди, Чобани и Шевролет се само дел од компаниите кои решија баснословно скапото време што го купија на паузите од Супер Боулот да го пополнат со кучиња. Човек што се разбира во кучиња и луѓе, објаснува зошто.
Најголемо зло што може да и се случи на реклама е голотија или да ги лаже муштериите, заради што никогаш нема да биде покажана на телевизија или во некоја официјална кампања.
Виралноста е светиот грал на рекламите, нема рецепт кој ќе ти гарантира успех во ова, единствено ако рекламата почне да ти се тркала на интернет знаеш дека си направил нешто добро и си ја погодил жичката. Ова се најгледаните реклами на ЈуТјуб за оваа година.
Утрово Милано се разбуди со сосема неочекувана подморница на сосема неочекувано место, посебно ако имаме во предвид дека градот од никаде не ни помирисува море.
10-те најгледани реклами од годинава се прегледани околу 250 милиони пати, ама математиката на топ листата за нивната виралност вклучува и колку пати се споделени низ најразличните социјални медиуми.
Chip Shop Awards ги собира сите оние реклами, кампањи и предлози кои биле одбиени на првиот, седмиот или дваесеттиот состанок со клиентот и требало да завршат во "рисајкл бин." Организаторот не го интересира ништо освен - идејата.