Рекламите што ги забранија во 2013-та

Најголемо зло што може да и се случи на реклама е голотија или да ги лаже муштериите, заради што никогаш нема да биде покажана на телевизија или во некоја официјална кампања.

Некогаш повлекувањето на рекламата е по барање на некој надлежен државен регулатор, друг пат тоа го прави самата компанија стравувајќи дека нивната реклама ќе има / има лошо влијание на имиџот или пак самата телевизија одбива да ја пушти рекламата на некој настан (Супер Боул, Оскари, Греми...)

По основа на тоа дека улогата на Памела Андерсон и нејзината асистентка во рекламата за Dreamscape Networks е навредлива за жените, британскиот ASA (Advertising Standards Authority) ја забрани рекламата во која двете девојки танцуваа залепени една до друга, во бикини и премачкани со крем.

 

Слично се случи во Нов Зеланд со Carl's Jr. чија реклама беше забранета заради премногу "жешката" сцена меѓу Емили Ратајковски и Сара Андервуд.

 

Кока-кола во Британија падна затоа што не им било точно тврдењето во рекламата дека со смеење можеш да потроши 139 калории (колку што има во една лименка).

 

Во Австралија беше забранета рекламата за Фоур Сизонс кондомите, во која еден пар имаше секс сред продавница. Видеото беше забрането и покрај тоа што во него нема никаква експлицитна голотија.

 

СиБиЕс ја скрати оригиналната реклама на ГоДеди, поточно делот во кој Бар Рафаели има страстен бакнеж со Џеси Хајман кој трае околу 30 секунди.

25 декември 2013 - 18:09