Брајан Хер е директор на Центарот за кучешко спознавање на Универзитетот Дјук и генерално експерт на тема кучиња.
"Со кучињата имаме многу повеќе заедничка историја отколку со кое било друго животно. Заедно еволуираме десетици илјади години. Ова создава специјална врска која е уникатна за нашите два вида," објаснува Харе.
Предноста на кучињата не е само во тоа што "тие се слатки," туку за разлика од "кога гледаш тигар или ајкула, во кучето гледаш некој што го знаеш и го препознаваш. Ова чувство на интимност и комфор е многу вредно за секоја реклама."
Така, најновата реклама на Бадвајзер со кучето и со коњот "Puppy Love," во рок од 30 часа беше над 20 милиони пати прегледана на интернет.
"Годинешната реклама на Бадвајзер со коњот и кучето создава многу топла и срцепарателна приказна, која ги фаќа сите точки и многу ефикасно ја користи нашата поврзаност со овие две животни. Присуството на кучето создава позитивни чувства како што тоа не може да го направи кое било друго животно. Коњите пак асоцираат на моќ и грациозност. Се на се, оваа комбинација создава неверојатно силни чувства околу брендот," анализира Харе.
Според Харе за рекламите не постои ниту едно друго животно што во исто време е толку блиско за нас и толку слатко, како кучињата. Тука вклучувајќи ги и зајаците.
Што се однесува до мачките, ова е ставот на Харе: "Иако мачките илјадници години се наши придружници, во споредба со нив нашата врска со кучињата е далеку повеќе посебна. Истражувањата покажуваат дека кучињата можат да ги читаат нашите гестикулации, да ги чувствуваат нашите емоции, па дури и промената во здравјето, далеку подобро отколку мачките."