Најк и Самсунг за кампањите за Светско ја извадија целата ергела на фудбалери што ја имаат на список, дури брцнаа и во другите папки (Хулк, Коби Брајант, боксери...) за да соберат што е можно повеќе ѕвезди во рекламите.
Анрурли Медиа ја направи топ листата на реклами поврзани со Светското првенство по основа на тоа колку пати се изгледани и колку се споделувани.
И надвор од категоријата сами за себе, рекламите за Светско доминираа на генералната листа за најсподелувани реклами за месец јуни (а се очекува истото да се случи и за јули).
Ова се топ 5-те реклами на Мундијалот:
#5 Самсунг: 54 милиони прегледувања; 530.000 споделувања.
#4 Најк: 64 милиони прегледувања; 940.000 споделувања.
#3 Кастрол: 16 милиони прегледувања; 1 милион споделувања
#2 Најк: 87 милиони прегледувања; 1,3 милиони споделувања
#1 Активија / Шакира: 220 милиони прегледувања; 4,6 милиони споделувања