Одбиените

Chip Shop Awards ги собира сите оние реклами, кампањи и предлози кои биле одбиени на првиот, седмиот или дваесеттиот состанок со клиентот и требало да завршат во "рисајкл бин." Организаторот не го интересира ништо освен - идејата.

Целата идеја потекнува од Британија, а идејата е "меѓународни награди за креативност за неискористени идеи за реклами кои ја прославуваат креативноста без граници."

Рекламите кои завршуваат тука, не биле одобрени од клиентот најчесто заради тоа што се политички некоректни, навредливи, нечувствителни или покажуваат лош вкус.

Рокот за пријавување на наградите е 8-ми март, а номинациите беа објавени на 22-ри април. Победниците ќе бидат објавени на церемонија на 6-ти јуни. Годинава е десеттата годишнина на наградите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

23 мај 2013 - 19:24