Не само што нема да ги привлече, него жените би станале гневни кога евтини производи би се рекламирале со претерано сексуална кампања. (Истражувањето е правено со стрејт комбинација или само жени, а немало ниту една верзија со машки пар или само мажи.)
Според истражувачи од 3 Универзитети (од Минесота, Хонг Конг и Британска Колумбја), ваквите реклами во основа ги потсетуваат жените "дека целиот нивен пол постојано е претставен како мала колекција на сексуални предмети."
"Истражувачите ја припишуваат негативната реакција на жените кон еротизираните реклами на сексуалната економија, идејата дека жените плаќаат повисока цена за имање секс, и физички и општествено. Заради ова хетеросексуалните девојки сакаат сексот да биде високо вреднуван и да има висока цена. Користење секс за да промовираш скап производ го постигнува токму ова, и го поврзува сексот со висока вредност," го пренесува Ко.Дизајн заклучокот од истражувањето.