Информирање за рекламирање

10 + 1 интересни работи што денес се случуваат во адвертајзинг светот (и кај нас) а не е лошо да се знаат.

1. Групацијата Publicis ги купи американските специјалисти за дигитален адвертајзинг Сапиент за 3,7 милијарди долари. Потег повлечен 5 месеци откако не успеа посакуваното спојување со Омником вредно 35 милијарди долари. 

2. На Сер Мартин Сорел, извршниот на најголемата светска адвертајзинг холдинг група WPP, купувањето на Сапиент му личи на однесување на "разочаран љубовник" (по пропаѓањето на дилот со Омником).

3. Ѕирнете како се ембедираат сублиминални сексуални пораки во марки како Кока Кола или Палмолив.

4. Прво беше виртуелна па аугментирана реалност. Новиот кул збор е блендирана реалност. HP сака да го води трендот со својот Sprout PC, кој на корисниците им овозможува да да земаат реални објекти и да ги "стават" во компјутер.

5. AOL создаде интересна платформа: програмски пазар за телевизија кој на адвертајзерите им нуди можност за целно рекламирање на 70-тина ТВ канали со претплата.

6. AdAge ја испитува онлајн измамата наречена URL маскирање. Техника кој може да ги намами адвертајзерите да закупат реклами на сајтови со крадена или забранета содржина. На крај ќе завршат со феноменални резултати колку им бил виден банерот ама ќар за клиентот ќе нема.

7. Некоку американски адвертајзери се здружија за да го создадат Trustworthy Accountability Group, тело кое треба да се бори со рекламните измами, пиратеријата и ширењето спајвер.

8. Adweek одбра "12 технолошки ѕвезди" кои веќе ја создаваат иднината на адвертајзинг индустријата. Има луѓе од Pubmatic, VivaKi Data, Oracle Data Cloud......

9. Microsoft Advertising отпушти поголем дел од својот глобален тим за продажба. Извршниот тим и неговиот шеф остануваат на работа.

10.
Econsultancy за занимава со прашањето дали има идниназа нативните апликации за брендовите. Неодамнешни истражувања на Deloitte покажаа дека тие сè помалку се даунлодираат па респонсивниот дизајн на веб сајтовите е задолжителен.

11 (бонус). Не, не може автоматски аудио банер на Офф.нет. Глупо е.