Таг: адвертајзинг

Маркетингот го бојкотира Јутјуб

За да ја менаџира штетатат откако глобални адвертајзинг тешкаши од рангот на Адидас и Дојче Банк ги повлекоа своите реклами од Јутјуб, видео платформата на Гугл почна масовно да брише акаунти, видеа и коментари.

Кога „научно докажаното“ „загарантирано“ носи проблеми

Нормален потрошувач не еднаш се изгорел во животот па по дефиниција е претпазлив кон звучните тврдења за „гарантирани резултати“ и „клинични тестирања“. Иако во маркетингот тенка е разликата меѓу лагата и разубавувањето на вистината, таа сепак постои и нејзиното пречекорување знае компаниите  да ги чини тешки милиони.

Луѓето се малцинство на интернет

Преку 50% од вкупниот интернет-сообраќај во светот не го прават луѓе туку ботови. Како и кај луѓето, има добри и лоши ботови. Како и кај луѓето, повеќето се лоши. 

Нетфликс стигна, баба се чешла

Единствена работа која денес никако не би била е директор на телевизија. Зошто? Па заради страшното чудовиште кое се заканува сите да ги проголта. Телевизиите, мислам. Исто како и голем број други дејности, како книжарници, продавници, па дури и цели трговски центри проголтани од прашумата на Амазон.

Како Фолксваген упропасти 55 години одличен маркетинг

Германците својот влез на американскиот пазар го почнуваат со сега веќе легендарната кампања со слика од Буба под која пишува "Лимон" а во текстот се објаснува оваа Буба (лимонот во приказната) заради најмала дамка не е товарена на бродот за САД. Од тогаш компанијата има феноменална маркетинг серија која трае 5 и пол децении.

Последните зборови на еден несуден копирајтер

"Just Do It" на Најк е еден од најуспешните и најиконични бренд слогани на сите времиња. Човекот кој стои зад него неодамна откри дека бил инспириран од последните зборови на еден убиец.

Информирање за рекламирање

10 + 1 интересни работи што денес се случуваат во адвертајзинг светот (и кај нас) а не е лошо да се знаат.

Рекламирање базирано на тага

По години кога во маркетингот преовладуваат сите можни форми на комедија, одеднаш нешто се случува и истите тие што го превртуваа интернетот барајќи некоја нова реклама за да се здробат од смеење, се фаќаат самите себе како некоја реклама ги оставила сериозно емотивни. Почнува нова ера.

Се споија маркетинг гигантите Публицис и Омником

Адвертајзинг гигантите Публицис со седиште во Париз и Омникон - Њујорк објавија дека се спојуваат создавајќи компанија со 130.000 вработени, вредна преку 35 милијарди долари.

10-те најдобри реклами на 2012.

Кои беа најубавите, најзабавните, најмоќните, најинтригантните реклами на годината. Од вкупно десет, седум се американски. Од вкупно десет, пет се на BBH и Wieden + Kennedy.

Пишувачите на реклами што не знаат да пишуваат

Денес главниот проблем на рекламите е што не "палат" како некогаш, а главниот проблем зад ова е што повеќе и нема луѓе кои знаат да пишуваат за реклами.

Пара-адвертајзинг

Напнати од драконски строгите правила за рекламирање наметнати од МОК, британски веб сајт започна "Fauxolympics" конкурс за најдобра не одобрена реклама на Олимпијадата.

Кај се парите?

Доколку примерот на Њујорк Тајмс стане парадигма во светот на новинското издаваштво (вклучувајќи го и електронското), тогаш има добра вест за редакциите и не баш толку добра за читателите. Првите ќе зависат од своите читатели а не од адвертајзерите. Вторите ќе мора да се навикнат на претплата.

ЏМ ги повлекува рекламите од Фејсбук

Третиот по големина огласувач во САД најави дека ќе прекине со рекламирање на Фејсбук оценувајќи дека парите фрлени во мрежата имаат мала ефикасност врз продажбата.

Португалија, вкуслес

Невкусен врв на еден фушерај во рекламирањето: Кога рекламираш ефтини туристички аранжмани во Португалија, најглупо на свет е да ставиш слика од девојче кое цел свет ја дозна кога изчезна на одмор во Португалија.